Што стана со нашето фрижидерче?

Читател нè потсети дека пред две години пишавме за пикник фрижидерче од Кикстартер. Ги проверивме наодите како тоа стои денес и јасно ни е зошто никогаш нема да заштедиме пари: затоа што многу бргу се палиме.

Во таа 2014 година проектот изгледаше булетпруф. Бараа 50.000 долари, имаа собрано преку 13 милиони долари, од 62.642 поддржувачи. А функциите - рај. Го видовме што сè нуди и радосно туривме наслов КУПЕНО!

Две години подоцна:

Тие почнаа да го прават, арно ама се зезнаа со математиката и сега бараат од оригиналните поддржувачи на Kickstarter да им доплатат (од $185 на $282) за да си го добијат своето фрижидерче (сторија). За сите други, цената е $399 на Амазон. Препорачана цена од произведувачот е $450. И патем, c|net не е баш воодушевен од блендерот.

******************

Фала Зоран.

19 април 2016 - 14:35