Камбербач одговара

Откако Асанж во отворено писмо го критикува Камбербач нарекувајќи го "платеник" за тоа што прифатил да го глуми во филм базиран на книга кој е напишана против него, британскиот актер реши да ја каже својата страна на приказната.

Запрашан директно за писмото од Асанж и дали тоа влијаело на него, Камбербач го одговара следното:

"Да, секако дека влијаеше. Човекот кој треба да го глумиш да те замоли интелигентно и учтиво да не го правиш тоа ми создаде голема грижа, како и да е, тоа ме поттикна да размислам зашто го правам овој филм. Тој ме обвинува дека сум 'платеник' како да сум лесно куплив лик за десничарската пропаганда. Не само што НЕ работам во морален вакум, туку ова воопшто не беше некој значителен хонорар за мене. Сум работел далеку помалку напорно, за многу поголема финансиска награда. Проектов беше важен за мене заради интегритетот кој сакав да го внесам во провокативниот проблематичен, но сепак навистина важент лик на нашето модерно време. Идејата за снимање филм за некој кој е толку далечен за мене или за мојата ситуација, кој донесе еден идеал преку лична жртва, со што го промени начинот на кој гледаме на социјалните медиуми, моќта на индивидуата да има право на глас во овој простор и да може да ги преиспитува хипокризијата и престапите на организации и тела составени од моќни луѓе кои управуваат со нашите животи... Ова длабоко се поклопи со моите верувања за граѓански слободи, здрава демократија и човечкото право на заедниците и индивидуите да побараат отчет од овие власти. Верувам дека филмот сосема јасно го нагласува големиот успех на Викиликс и нејзиниот извонреден основач Џулиен Асанж. Како и анализа на личностите кои беа вклучени и она што се претвори во нефункционална врска во рамките на таа организација. Иако оставштината на неговите постапки и на организацијата продолжуваат да еволуираат, само историјата ќе биде вистински судија за каде сето ова не' води нас. Петтата сила е моќна, иако драматизирана, почетна точка за дискусијата околу овој скок напред во нашето општество. Сакав да направам 3-димензионален портрет на човек кој е далеку повеќе оцрнет во таблоидниот печат, отколку во нашиот филм, за да ги потсетам луѓето дека тој не е само чудниот Австралијанец со бела коса, кој Шведска го бара за екстрадиција, и што се крие во амбасадата зад Хародс. Туку дека тој е вистинска сила со која треба да се соочиш, кој постигнал реализирање на голем идеал. Горд сум што вклучен во совладување на таков предизвикувачки карактер и сценарио. По мое мислење постои само лична вистина, а филмот треба да предизвика дебата, а не консензус. Треба да биде еманципирачки тоа што Џулијан предводеше движење кое е камен темелник на Петтата сила, народното новинарство и што тоа е способно да направи, вклучувајќи тука и откривање на вистината за самиот себе."

12 октомври 2013 - 16:38