Да бегаме од овде!

За сериозна филмска анализа, задолжително прочитајте го Таиби во Ролинг Стоун. Овојпат за лежерна и малку позната тривија околу некои популарни филмови. 

Наместо на маса, во една сцена во Џанго, Ди Каприо удира во чаша и се раскрварува. Најпрофесионално продолжува со сцената која на Тарантино му се допаднува и ја остава во филмот прилагодувајќи го сценариото на неа.

За улогата на Супермен во Man of Steel, Хенри Кавил билдал мускули со помош на диета од 5.000 калории на ден. Подоцна морал да спушти на 3.500 за да може да влезе во костумот а уште подоцна и на 2.500 заради разголените сцени.

Роботот Ева од Wall-e е дизајнирана од истиот човек кој го направи Ајпод-от.

За да бидат Хобитите мали, не е користена никаква дополнителна компјутерска обработка. Користена е техника за искривување на перспективата при самото снимање.

Морничавата музика во сцената со Џокер во Dark Knight e добиена со стружење на жилет по жици од пијано.

Шон Конери и Харисон Форд се татко и син во еден од Индијана Џонс. Во реалноста, разликата меѓу нив е само 12 години.

Шиндлеровата листа е најскапиот црно-бел филм на сите времиња.

Титаник чинел повеќе пари како филм отколку како брод.

Во целиот "Кога јагнињата ќе стивнат", Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор не трепнува ниту еднаш.

За најлош потег во својата кариера, Били Кристл ја смета одлуката да прифати да биде Мајк во Монстерс наместо Вуди во Тој стори.

Ширли Хендерсон е најстарата ученичка од Хари Потер. Иако на 45 години, го глуми духот на 11 годишно девојче.

Компјутерот на Ајрон мен, Џарвис, е кратенка од "Just A Rather Very Intelligent System".

Во сцената кога упаѓа Т-Рекс, врисоците на децата се автентични. Стаклото не требало да се скрши.

Американската филмска асоцијација не дозволувала да биде користен зборот Фокерс во "Meet the Fockers" сè додека продуцентите не приложат доказ дека семејство со такво презиме навистина постои во Америка.

Најчестата реплика на сите времиња во американските филмови е: "Да бегаме од овде!"

По објавувањето на дизниевиот "Принцезата и жабата" неколку десетина деца со хоспитализирани од салмонела која ја добиле бакнувајќи жаби.

Мики Маус е првиот не-човек кој има добиено Оскар.

Џек Николсон не бил задоволен колку е агресивен во сцената со Ди Каприо во Departed. Затоа утредента, без да знае ни Мартин Скорсезе, среде снимање на истата сцена му извадил пиштол на Леонардо.

22 јануари 2015 - 15:23