Урбан

Ти и Јапонија го имате истиот проблем со дедовци возачи

Старите не сакаат да престанат да возат на стари години (70+) и тоа ти е.

Животот во град е штетен за психа на начини кои допрва ги откриваме

Повеќе од еден век знаеме дека физичкото опкружување влијае на менталното здравје на луѓето. Како што минува време научници и доктори само трупаат нови докази за тоа какви се дијагнози и психички состојби се предизвикани со самото тоа што некој живее во град. И стандардно, колку повеќе накај центар на град, толку е полошо.

Без Кина, Американците ја горат својата рециклажа

Еко освестените Американци, сакајќи да го прават тоа што е добро, по навика и регуларно го одвојуваат отпадот за да оди на рециклажа, притоа не мислејќи баш многу каде тоа завршува. Завршуваше во Кина, ама до пред некое време. Сега им го горат, по дома.

Зошто Хелсинки го корне асфалтот низ град?

Возење во центар на град во 21-от век е како пушење цигари во 20-от век. Сега знаеме дека не е здраво, некогаш не сме знаеле, ама сега знаеме, на кратко објаснува архитектот од движењето кое за малку не ги отстрани сите поголеми булевари низ главниот град на Финска.

Градот убав пак ќе пливне

Како да се спасат урбани заедници од загрижувачкиот пораст на нивото на океаните и морињата? Стави го градот да плива на површина па тоа водата нека се качува колку што сака.

Сан Франциско, градот на хуманоста. НЕ!

Богаташите на Сан Франциско се организираа и успеаа да соберат 46.000 долари од хуманитарни побуди - да не се гради засолниште за бездомници во една најпосакуваните населби во градот.

Франција ќе руши дивоградба од 57 милиони евра

По наредба на францускиот суд булдожерите имаат рок од 18 месеци за да демолираат вила од соништата сместена на југот од Франција.

Како што во цел свет ти треба дозвола за возење, така во Пекинг ти треба дозвола за да купиш кола

Дозволата за купување автомобил важи за сите жители на градот, богати, сиромашни, какви и да се, а се добива преку пријавување на лотарија за делење дозволи. Моментално има околу 2.000 кандидати за 1 дозвола.

Точаците им кренаа рачна на автономните возила

Холандија го има највисокото ниво на подготвеност во светот за воведување автономни возила на своите улици и автопатишта, исто така го има веројатно и највисокото ниво на користење велосипеди. Излезе дека овие две работи не се компатибилни.

Кина нема да простува загадување

До сега кинеските власти јавно ги прозиваа најразличните градоначалници и градски власти кога загадувањето во нивниот град ќе станеше неподносливо. По ново прозивањето ќе биде надополнето со казни.

Хуавеи ја копира Европа, зграда по зграда

Кинезите веќе долги години имаат пракса да одберат европски град што ги бендисува на око, и да направат негова идентична функционална копија во Кина. Хуавеи целата работа ја крева на повисоко ниво, па новиот кампус во Кина го прави исклучиво со клонови на населби од европски градови.

Луксембург пушти гага јавен превоз за сите, затоа што им се може

Наспроти тоа што се едвај нешто над 600.000 луѓе, Луксембург константно има проблем со сообраќаен метеж. И ова планираат да го сменат со воведување бесплатен превоз.

На точак се дише помалку загаден воздух отколку во кола

Во конкуренција на пешаци, луѓе на точак и луѓе во кола, најлошо си минува пешадијата, а од преостанатите два транспортни рода, овие во кола дишат повеќе загаден воздух отколку овие на точак.

А што па Скопје да е покусо?

Изморен од десетгодишната битка со локалните власти, Американец од Вермонт подигнал споменик каков што, според него, заслужуваат политичките лидери на тоа место. Него тоа го коштало 4.000 долари а ние како локација би ја мерачеле онаа на крстот на Водно. Ќе нè личи!

Лондон во фаза „кој чека ќе дочека“ за метрото од 22 милијарди долари

Проектот требаше да биде отворен месецов, ама тоа нема да се случи, а луѓето што ја градат железницата која ги поврзува двете страни на Лондон по пат најавија дека првичната цена од 19,5 милијарди долари е зголемена на 22 милијарди долари. Исто така многу е веројатно дека отворањето нема да биде ни есента 2019, и тоа не е ништо страшно.

Дански пензиски фонд купи цела улица во Берлин

Тоа што е пензиски фонд не значи дека по должина на цела улица ќе градат дом за старци, ама тоа што е фонд сепак значи дека ќе градат или ќе преградуваат нешто.

Мадрид даде рок од 72 часа електричните скутери да се тргнат од улица

Откако по итна постапка ги прогласија за јавен проблем, градските власти на Мадрид побараа уште поитно чистење на електричните скутери од нивните улици.

Како човештво осудени сме на колони, и тоа е

Од наша перспектива булевари со 6 ленти во еден правец изгледаат како трајно решение на гужвите во сообраќајот. Проблемот е што она што се случува во Лос Анџелес во корен го сосечува ваквиот оптимизам.

Зошто источната страна на градовите обично е посиромашна од западната?

Пред да ги извадиме нашите локални есапи, натежнати со сопствени математики, фино е да се погледне како проблемот, од кој идентично страдаат и далеку поголеми градови од нашиот, го објаснуваат посериозни истражувања.

Елон Маск сака да им копа канализација на градовите

Првиот човек на Боринг компанијата порача дека компанијата не е само за фенси футуристички проекти како подземни тунели од град до град, туку дека радо ќе се зафатат и со помагање во решавањето на реални работи како копање канали за канализација.

50 милиони станови во Кина дремат празни

И покрај запнувањето од највисоко ниво, Ши Џинпинг во повеќе наврати повторува дека во станови треба да се живее не е само да се купуваат, над 20% од вкупниот фонд на станови и куќи во Кина се празни.

Што треба да знаете ако купувате вила од 188 милиони долари

Зданието се наоѓа во Бел ер, населбата во Лос Анџелес, има над 3.500 метри квадратни во кои меѓу другото се сместени 12 спални соби и 21 купатило, а купувачот од газдата добива и гратис хеликоптер.

Елон Маск сака да ве спаси од резилот на возење електричен скутер

Првиот човек на Тесла лично го отфрлил барањето на своите вработени компанијата да почне да произведува електрични скутери, со објаснување дека на тротинетите на батерии не се достоинствени.

По 136 години платени комуналии за базиликата на Гауди

Зданието сред Барселона, чија градба по 136 години се уште не е завршена, исто така сето ова време терала како дивоградба без платени давачки.