Урбан

Што се случува со италијанските куќи од 1 евро?

Еден дел се реновирани, еден дел се во тек на реновирање, но сите до една се продале, а сега откако пандемијата малку стивна, ќе има и уште една тура.

Џо Роган фаќа штрафта од ЛА и заминува во Тексас

Кога некој како Роган решава да го напушти градот кој важи за матица на креативците од светот на филмот, забавата и поп културата, па уште кога како една од причините за егзилот ќе наведе дека му треба повеќе слобода, тогаш не Хјустон туку "L.A.,We Have a Problem".

Се продава станот на Че Гевара

Веста е дека во Аргентина се продава станот во кој се родил Ернесто Че Гевара. Бонус информацијата што не ја знаевме е дека Че Гевара е роден и израснат во стан од 240 метри квадратни.

И Париз од карантинот ќе излезе со плус велосипедски патеки

Некои од најзакрчените сообраќјани артерии на Париз ќе бидат пренаменети за велосипедисти со цел да се намали гужвата во јавниот превоз во престолнината кога Франција следната недела ќе ги олабави мерките за изолација.

Ковид-19 е посмртоносен во градови со загаден воздух

Студија на Харвард покажа дека долгорочната загаденост на воздухот е тесно поврзана со актуелната стапка на смртност од ковид-19 во тие средини. Дури и најмала покаченост на ПМ 2,5 честичките сериозно ја менува равенката. 

Идеја од урбана Полска: диво цвеќе наместо трева

И онака летно време тревата во Скопје и другите градови главно бива спржена ако обилно не се топи во вода. А цвеќево издржливо. И така, ете нè нас еден ден, си газиме по росни ливади во своите родни родни градови и си се понашаме ко да сме нормални.

Што е ИКЕА без паркинг?

Во скоро време тоа ќе биде ИКЕА Виена, која почна да се гради во поширокиот центар на градот во близина на Западната железничка станица, каде нема да може да ги распостеле своите по недоглед препознатливи паркинзи.

Москва има да биде бела, па макар и на сила

Новогодишната прослава во Москва ќе биде во снежна атмосфера без разлика што од 1886-та ова е најтоплиот декември во руската престолнина.

Французите се кренаа против напаста наречена улични билборди

Додека во Лил активисти во знак на протест ги прелепуваат уличните билборди со бела хартија, Гренобл на ниво на град почна да заменува стотици билборди со дрвја.

Живеете ли 500 метри до зеленило?

Резиденцијалното зеленило штити од предвремено умирање, заклучува една мета-анализа на Институтот за глобално здравје од Барселона којa вклучува девет долгорочни студии во седум земји за вкупно осум милиони луѓе.

Тајната состојка на градовите кои преживеале - култура

Имало и погадни, помизерни и поопасни градови за живеење од нашето Скопје (Битола, Велес, Куманово...) но успеале да ги преживеат природните, политички и општествени несреќи кои ги задесиле. Инвестирале во културата. Не, Мирко Субвенција, тоа не значи одма да се наредиш на уште еден конкурс.

Стаклени висококатници треба да се забранат

Стаклото е убаво, ама за прозорци. Кога цел небодер го правиш стаклен, тогаш всушност градиш оранжерија. А оранжерија е добра за патлиџани, не и за луѓе.

Време е Мона Лиза да се симне од Лувр

Околу 80 проценти од 10 милиони луѓе што го посетуваат Лувр музејот во Париз доаѓаат да ја видат Мона Лиза, и најголемиот дел од нив си заминуваат незадоволни.

Манчестер да биде одбранет од расистот... Ганди

По повод 150 годишнината од раѓањето, градскиот совет на Манчестер решава да постави споменик на Ганди. По повод тоа што сме 2019, можно е тоа да не се случи.

Берлин ќе забрани возење џипови низ градот?

Откако возач на Порше џип ја изгуби контролата на возилото, се качи на тротоар и уби три возрасни и едно дете, политичарите и јавноста во Берлин побара забрана за возење џипови „што наликуваат на тенкови“.

Радарот за кој плачат улиците во Скопје

Во Париз се тестира радар за бука од сообраќај, кој ќе може да идентификува кое возило е претерано бучно и да го казни. Во име на луѓето што живеат покрај „Иво Лола Рибар“ дајте да почнеме да го тестираме барем на мотори после полноќ, пред да почнете да гледате барикади на улица.

Со пластика нема излегување на крај, и треба да се помириме со тоа

Јас се откажувам, а веројатно треба и вие, е пораката од велшки активист кој повеќе од 4 години ги организира локалците и сам учествува во расчистување пластика од тамошни брегови.

Индонезија ја сели престолнината затоа што старата им тоне

Владата на Идонезија практично дигна раце од Џакарта и реши сите свои служби и институции да ги пресели на еден помалку населен остров на Борнео. Ќе кошта многу ама барем ќе бидат на суво.

Детски песни како репелент за клошари

Бездомници удриле мерак на едно плоштадче во Флорида на кое се прославуваат свадби и други граѓански настани. После неколку безуспешни обиди да ги дислоцираат од просторт кој им носи приходи, локалните власти почнале од звучници да им пуштаат две детски песнички. На рипит. „Неиздржливи се,“ кука еден клошар. 

Електричните скутери не се ни приближно еколошки како што ги мислите

Штом нешто се полни на струја (добиена како што се добива струја) и таа струја се складира во батерии (литиумски, ни најмалку еколошки), тоа нешто не може да биде вистински безбедно за околината, без разлика колку го промовираат како такво. И тоа не е најголемиот проблем.

Кина го изгради најголемиот аеродром во светот за багатела

Крајната цена на Пекинг Даксинг аеродромот е 9 милијарди фунти, што и не е некоја багатела. Крајната цена само за третата писта на лондонски Хитроу е 14 милијарди фунти, што значи дека пак се враќаме на тоа дека она кинеското е багатела.

Како Осло со ново лого заштеди 5 милиони долари годишно

Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат.

Новиот Нотр Дам со закон ќе биде копија на стариот, до последен детаљ

Францускиот Сенат го одобри надополнувањето на законот за реставрација на катедралата, и според него на Нотр Дам не смее да се смени ниту еден камен, штица или шајка од она што било негова „последна позната визуелна состојба“ пред пожарот.

Банкси им упадна на Биенале со тезга на диво

Неколку дена по отворањето на Уметничкото биенале во Венеција, на плоштадот во главниот град се распостелува див тезгаџија што вади 9 уметнички слики за да ги продава. За некое време доаѓа полиција и го пакува човекот затоа што е без дозвола. Не се знае дали продал нешто. Од вчера се знае дека е Банкси.