Врати широко подзатворени

"Едноставно не може," е пораката со која шведскиот премиер објави дека земјата го укинува ол-инклузив режимот за бегалците и неограничените гратиси за влез во земјата. Од сега, и Шведска ќе работи само на ЕУ минимумот.

На Шведска и треба да "здивне" од десетиците илјади бегалци кои и' се пред врата, а за почеток од април на бегалците ќе им бидат издавани само привремени дозволи за престој. Освен ова, премиерот најави и проверки на идентитетот на сите форми во транспорт при влез во земјата, и сериозно ограничување на правото целото семејство да се носи во Шведска.

Промената доаѓа откако владата пресметала дека веројатно се прецениле со аранжманот кој почетно им го даваа на бегалците кои ќе пристигнат во земјата.

Пред две недели, владата нареди воведување на контрола на границите на земјата, "нешто што беше незамисливо се додека барателите на азил не почнаа пролетва да пристигаат со стапка од 10.000 неделно." Официјалните пресметки се дека 2015-та Шведска ќе ја заврши со околу 190.000 нови бегалци, што е речиси 2 проценти од вкупното население на земјата.

25 ноември 2015 - 12:42