Телохранителот на Ким Јонг Ил

Со глава низ куп плочки, кршење гранитна плоча на гради со чекан, кршење сијалици со еден прст, се дел од квалификациите што треба да ги минеш за да ја добиеш најголемата чест во твоето постоење - да го штитиш животот на врховниот лидер, објаснува за СиЕнЕн поранешниот телохранител на Јонг Ил.

Според Ли Јанг-гук подготовките вклучуваат традиционални методи, физички и тактички, ама голем дел од тренингот е идеолошко перење на мозокот. Заради идеолошкиот тренинг тој (и останатите колеги) одреден период верувале дека Ким Јонг Ил е Господ, а дека негова единствена цел на земјата е да му служи и да го брани "Драгиот Лидер."

Во периодот додека бил покрај Јонг Ил, тој го опишува лидерот како "дволичен човек" кој може да ти даде злато кога е среќен и да те осуди на смрт кога е несреќен.

"Кога Ким Јонг Ил ќе пристигнеше во своето возило, 60 до 70 годишни советници се разбегуваа и се фрлаа себе си во тревата. Ќе се направеа лом, ама сакаа да избегаат и да се скријат од него. Тие се исплашени затоа што дури и кога тој беше среќен тој може да биде непријатен и да им ги отсече главите," објаснува телохранителот.

Ли Јанг-гук десет години бил телохранител на младиот Јонг Ил, се до неговото доаѓање на власт. Во 1994-та тој е фатен во обид за бегство и е пратен во политичкиот камп Јодок. Од таму некако успева да пребегне во Јужна Кореја.

8 ноември 2014 - 18:17