Скриеното нацистичко богатство од 1.500 ремек-дела

Германската полиција упаѓа во стан на 80-годишен маж во Берлин, во него открива богатство од 1 милијарда евра во форма на 1.500 уметнички слики запленети од нацистите.

На списокот се дела од Пикасо, Матис, Шагал, Паул Клее, Макс Бекман и Емил Нолде. Сите уметнички дела биле конфискувани од нацистите како " уметност на дегенерици" или биле одземени од еврејските колекционери во 30-те и 40-те години.

Во овој период сликите полека завршуваат во рацете на германскиот колекционер Хилдербранд Гурлит. Кога Гурлит починал, делата ги наследил неговиот син Корнелиус, без знаење на властите.

Германските власти почнале да се сомневаат на Корнелиус Гурлит дури во 2010-та, откако царината во случајна проверка на патници на воз од Швајцарија за Минхен, кај него нашла поголема количина на готовина.

Стариот Гурлит бил директор на музеј во Цвикау се до доаѓањето на Хитлер на власт. Тој тогаш бил сменет заради тоа што е половина Евреин. И покрај ова Нацистите сепак го користеле него за продажба на запленетите уметнички дела во странство. Откриениот плен покажува дека тој успеал добар дел од сликите да ги зачува до завршувањето на војната.

Според германскиот магазин Фокус, која ја обајвува веста, по крајот на војната сојузниците го прогласуваат Гурлит за жртва на нацистите. Тој им изјавил дека им помогнал на голем број Евреи од Германија да го финансираат своето бегство од земјата. Хилдербранд тогаш изјавил дека целата негова уметничка колекција била уништена за време на бомбардирањето на Дрезден.

4 ноември 2013 - 14:51