Русија и Белорусија ќе се зближуваат заради притисок од Западот

Заради растечки воен, политички и економски притисок од Западот, Русија и Белорусија почнаа се повеќе воено, политички и економски да се зближуваат.

Притисокот што го чувствуваат двете држави изроди обединета одбранбена доктрина на Русија и Белорусија, која ќе опфати дополнителна соработка во обуката на војската и командниот кадар.

Планот е ова партнерство за почеток да трае 5 години.

„Како што има воени закани, така продолжуваме да се соочуваме со политички и економски притисок врз нашите држави од таканаречениот колективен Запад. Под овие услови ние сме присилени да преземаме контра-мерки,“ изјавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој му забележал на НАТО и за тоа што ја засилува својата воена инфраструктура во близина на границите со Русија и Белорусија, конкретно во Полска и Балтикот.

Уште од средината на 1990-те, Русија и Белорусија се дел од конфедерацијата Сојузна држава на Русија и Белорусија. Сојузот предвидуваше формирање на федерација која меѓу другото ќе има заеднички парламент, претседател, знаме, химна, Устав, војска, државјанство. Ништо од ова не се оствари.

22 октомври 2021 - 13:18