Не е само за умирањето...

Оди па стани бомбаш самоубиец

Проблем, заради сите зулуми што си ги правел сега аеродромската контрола е толку стегната што никако не можеш да пренесеш скриена бомба. Решение, правиш бомба која може да се скрие на аналниот отвор. Проблем, како сега на сите овие закоравени терористи што ги одгледуваш да им кажеш дека треба да бутнат нешто во ректумот.

Бомбата и упатството за нејзината изработка ал Каеда го објави во нивниот магазин Инспирација. На 22 страни од списанието чекор по чекор е објаснето како да се склопи бомбата која е дизајнирана да се скрие во или во близина на ректалната празнина.

"Авторот се колеба кај последниот, најкритичниот (и интимен) чекор: каде всушност да ја ставиш бомбата.

Не кажуваат експлицитно туку магазинот алудира дека 'бомбата треба да се стави онаму каде што вработениот на аеродромот не може да ја дофати или нема право да провери или допре, како што тоа го направи Умар Фарук,'" објаснува Јана Винтер во Интерсепт.

Умар Фарук е Нигериец кој и се приклучи на ал Каеда додека студираше во Јемен, и неуспешно се обиде да сруши еден патнички авион на релација кон САД за време на Божиќ 2009-та. Фарук хемискиот експлозив го имаше скриено во гаќите. Тој ја активирал бомбата, меѓутоа таа не детонирала затоа што експлозивот бил деградиран. А експлозивот се деградирал затоа што Фарук 2 недели не ги сменил гаќите. (Сериозно)

Еден од искрените совети што магазинот им ги дава на своите следбеници за ставање на бомбата е: "релаксирај се, немој да бидеш напнат."

26 декември 2014 - 10:50