Нов план, цела Европа на украински гас

Америка да буши и да гради, а Европа да плаќа за гас е проектот кој во моментот Украина сака да го истурка со западните сојузници, како сите би се ослободиле од зависност од рускиот гас.

Намерата на Нафтогаз, украинската државна компанија за нафта и гас, е да ги отвори природните резерви со гас за меѓународниот пазар. Процената е дека Украина ги има вторите по големина резерви на гас во Европа.

Нафтогаз, наводно веќе преговара со американски компании за дупчење кои ќе помогнат во ископување на украинските резерви. Нивната процена е дека од тамошните извори ќе можат да вадат околу 40 милијарди тони течен гас годишно.

„Има огромен потенцијал тука, ама тој нема да биде достапен до втората половина на деценијата... Имаме одреден број на наоѓалишта кои моментално се недоволно развиени,“ изјавил советникот на првиот човек на Нафтогаз, Мијрон Василик.

Еден од главните проблеми што ќе треба да се реши до тогаш е протерувањето на руската армија на исток, бидејќи најголемите украински резерви со гас се источно од реката Днепар, која ја сече земјата на половина.

18 октомври 2022 - 11:00