Нема веќе Фејсбук за Тајната служба

Не само што во иднина нема да смеат да погледнат проститутка додека се на пат, сега агентите на Тајната Служба нема да смеат ниту да помирисаат алкохол и кога се дома.

Даниа Суарез, девојката која пред неколку месеци го направи целиот скандал со Тајната Служба

Тајната Служба воведе нови правила на однесување кои меѓу другото контролираат две теми заради кои во последно време нејзините агенти најчесто се споменуваа во медиумите: алкохол и фејсбук.

Алкохол
Во иднина вработените нема да смеаат да пробаат алкохол 10 часа пред да се појават на работа, а ниту под разно не смеат да помислат да пијат во хотел, откако ќе пристигне лицето што треба да го заштитуваат. "Алкохолот може да биде консумиран само во умерени колични додека не се на служба за време на некоја задача и алкохолот е комплетно забрането во период од 10 часа пред пристигнување на работа. Не смее да се консумира алкохол откако ќе пристигне лицето кое треба да се заштитува," стои во новите правила.

Социјални медиуми
Од сега сите агенти ќе мораат да потпишат договор за доверливост, според кој ако некој открие какви било информации за лицето кое го заштитуваат, може да биде избркан од работа и да биде кривично гонет.

 

8 октомври 2012 - 11:55