Како се случи најголемиот грабеж на дијаманти

Во јули, од хотелот Карлтон во Кан беа украдени дијаманти во износ од 136 милиони долари. Целата кражба од почеток до крај траеше цели 60 секунди.

Деновиве францускиот весник Nice Matin ја објави снимката од безбедносната камера од грабежот. На неа крадецот крајно смирено со пиштол влегува во дуќанот, го вперува кон тројцата стражари и сопственикот, ја подигнува торбата со дијаманти и си заминува.

Кражбата вкупно трае помалку од една минута, а крадецот кој бега со 72 парчиња накит се уште не е фатен.

Видеото не и помага многу на полицијата, бидејќи тие уште тогаш соопштија дека лицето на крадецот не се гледа, затоа што тој носел капа и марама. Веднаш по кражбата беа понудени 1 милион долари за каква било информација околу кражбата.

30 ноември 2013 - 13:52