ИСИС има проблем со исплата на платите

Откако со великодушна американска и западна асистенција војните ги упропастија економиите на земји како Либија, Ирак или Сирија (се сеќавате како домашни морони се надеваа дека и кај нас ќе дојде Арапската пролет?), ИСИС стана еден од најдобрите и најсигурни работодавачи во тој регион. Но, и нив ги фати оскудација.  

Систематските - што американски што руски - удари врз нафтените извори, депоа и други извори на приходи сериозно ја разнишале способноста на Калифатот да ги обезбеди пристојните плати и бонуси по кои досега беше познат.

Асошиетед прес јавува дека организацијата ги скастрила платите во целиот регион, во Рака почнале да примаат уплати на комуналии во омразените американски долари а затвореници се пуштаат за паушал од 500 долари.  

Екстремистите кои некогаш најавуваа своја валута а лојалноста на вработените ја наградуваа со издашни плати, свадбени бонуси и детски додатоци сега имаат проблеми да ги алиментираат основните буџетски расходи.

Во некои градови војниците немаат земено плата со месеци. Таков е примерот со Фалуџа во кој некогаш се земале минимум 400 долари месечно а сега дури и оброците им се скратени на два дневно.  Кризата и штедењето оделе дотаму што војниците на ИСИС веќе не ги добивале досега редовните и бесплатни грицки, чоколатца и енергетски пијачки.

Треба да одиш наоколу и да сечеш глави а после немаш ни Сникерс да се почастиш!

*уништување трезор со кеш на ИСИС:

Единствената ставка која работодавецот ИСИС досега им ја нема скратено на своите вработени и хонорарци е бројот на девици кои им се ветуваат ако се дигнат во воздух за каузата.

17 февруари 2016 - 11:39