ESPN пишман околу Катар

На новинар на ЕПСН, Катар му плаќа патување до Катар со сите трошоци подмирени. Новинарот се заљубува во Катар, а ЕСПН го објавува ова, ама не за долго.

Во својот текст за Катар, новинарот Фил Бол објаснува дека целиот "лов на вештерки" против организирањето на Мундијалот од страна на Катар, доаѓа од "анти-катарска бригада" на новинари кои никогаш не биле во земјата.

"За разлика од нив Фил го виде вистинскиот Катар. На патување со сите трошоци платени. Платени од кого? Фил не кажува. Ама тој таму беше за Aspire4Sport конференцијата, а главниот спонзор на конференцијата е комитетот за организирање на Светското првенство Катар 2022-ра," пишува Гавкер.

Во текстот за ЕСПН, Бол смета дека е претерано со обвинувањата за работните услови на луѓето што ги градат стадионите:

"Истражувачкиот тим што ја откри систематската злоупотреба на работничките права заслужува пофалба, меѓутоа последователната реакција на други многу помалку објективни тастатури направи целиот проблем да ги помрачи предностите и позитивните страни кои ќе произлезат од овој настан - се уште 8 клучни години од сега."

Што се однесува до рестриктивноста на Катар, ставот на Бол е:

"Зошто да се грижиме за достапноста на алкохолот. Еден месец на вода и сокови, може дури и да го подобри здравјето на некои луѓе."

По реакцијата што следуваше околу објавувањето на статијата, ЕСПН се извини и одлучи да го повлече текстот по основа дека тој "не ги исполнувал новинарските стандарди."

23 ноември 2013 - 16:56