Егзекутиран судијата во случајот против Ел Чапо

Во понеделникот во Метепек (на околу осумдесетина километри од Мексико сити) убиен е 37-годишниот судија Висенте Бермудез Закариас. Како што се гледа на безбедносната снимка тој е егзекутиран од грб со куршум во глава.

Иако застрелан во глава од непосредна близина, Закариас успева да ги дочека болничарите и е префрлен во болница каде подоцна умира.

Мексиканските весници објавуваат дека на судијата не му била дадена никаква заштита додека работел на случајот на Ел Чапо, како и на случаите против наркобосови на другите картели.

По повторното апсење во јануари, Ел Чапо моментално е во затвор во близина на мексиканско-американската граница, и најверојатно на почетокот од 2017 ќе биде испорачан на американските власти за судење во САД.

19 октомври 2016 - 10:05