Бајден нема „когнитивна способност“ да служи уште еден мандат

Поранешниот доктор на претседателите Обама и Трамп е загрижен околу здравјето и менталната острина на актуелниот американски претседател кој пред некој ден наполни 81 година.

Доктор Рони Џексон кој предупредуваше околу „когнитивната способност“ на Бајден уште за време на минатите избори, и сега проценува дека таа „дегенерирала“ во изминатите три години од кога тој е во Белата куќа.

„Тој е опкружен со луѓе кои го охрабруваат да продолжи да се кандидира бидејќи тоа им помага на нив и она што го работат. Меѓутоа нашата граница, нашите војни, нашата економија, сето тоа сега е катастрофа. А тој едноставно веќе не може да ја врши работата. И тоа се гледа секој ден дека тој веќе не е способен да ја врши оваа работа,“ изјави Џексон пред некое време.

Џексон деновиве имаше интервју на Фокс њуз на кое повтори дека работата е премногу тешка за Бајден и дека тој не може да ја врши. Тој, на шега, предложи советниците на Бајден да почнат да го убедуваат дека сега е на крајот од неговиот втор мандат.

Изминативе недели повеќе демократи, меѓу кои и поранешниот советник на Обама, Дејвид Акселрод, изјавија сомнежи дали Бајден треба да оди на втор мандат.

22 ноември 2023 - 11:13