Зошто сиромашните играат лото?

Откако премијата се наталожи затоа што последните 20 кола беа неуспешни, за извлекувањето на петок 13-ти премијата достигна 400 милиони долари. Шансите да ти се падне џекпотот се 259 милиони спрема 1.

Академски има две главни објаснувања околу примамливоста на идејата во еден потег да излезеш од сиромаштија - првото е дека тоа ти е единствен рационален начин за излегување од сиромаштија, а вториот покажува колку сме ние лоши во разбирање на нашите шанси.

Кај сиромашните проблем е што на лотарија трошат поголем дел од своите приходи, споредено со подобро ситуираните.

"Според националното истражување, домаќинствата во САД годишно трошат околу 162 долари на ливчиња за лото, со тоа што просекот кај сиромашните домаќинства изнесува 289 долари. А играчите со приходи помали од 10.000 долари годишно, во просек трошат по 597 долари на лото," пишува во трудот објавен од германскиот Институт за истражување на општествата.

Во основа работата е дека ако животот не ти чини и свесен си за тоа, а немаш начин како да го контролираш истото, тогаш купувањето на ливче за лото ја намалува твојата напнатост.

"Светот од бајките кој доаѓа од купувањето на лото ливче е евтин. Пониските социјални слоеви се исклучени од 'евокативни' потрошувачки стоки кои создаваат свет од бајки, на пример статусни производи како брендирана облека, скапо вино или автомобили," се објаснува во студијата.

Истото истражување, на кратко заклучува дека играњето лото ни дозволува да се издуваме и за момент да се одмориме од проблемите.

12 декември 2013 - 16:25