Зошто се исплати да си кретен

Исто како што по вашите лични искуства имате аргументи и зошто човек треба да биде кретен во животот, и зошто треба да биде коректен кон другите, така и книгите и стручната литература имаат аргументи за двете работи. Ако се прашува науката, по ново, таа избира за првата варијанта.

Полу-неподносливо однесување не само што може да направи човек да изгледа помоќен, туку стварно го прави да е помоќен. Истиот заклучок е и за претераната самодоверба.

"Ние веруваме дека сакаме луѓе кои се скромни, автентични, и ги поседуваат сите особини што ги сметаме за позитивни да бидат наши лидери. Ама заклучоците се дека сите оние работи кои ги рангираме како негативни (на пример нескромност) дека се најдобри претскажувачи за повисоки плати или унапредување на лидерска позиција," објаснува професорот по бизнис од Станфорд, Џефри Фефер.

Тој објаснува еден случај кога студент му се жали дека бил исфрлен од сопствениот старт-ап од истиот ментор од Станфорд што самиот тој го поканил да дојде во компанијата. На прашање дали имало некакви предзнаци, студентот одговорил - да ама менторот беше премногу важен човек во Силициумската долина за да помислам дека ќе се меша во нашата работа. "Што се случува ако ставиш питон и кокошка во кафез? Дали питонот прашува каков вид на кокошка е ова? Не. Питонот ја јаде кокошката. И тоа го направила и менторката. Таа те изела за појадок," му одговорил Фефер.

"Во рамката на Грант (Адам Грант, 33-годишен професор на Универзитетот Пенсилванија и автор на Give and Take: Why Helping Others Drives Our Success), менторот од претходната сторија е 'земачот' што не' носи до еден од големите комплексности во неговото истражување. 'Давачите' не доминираат само со врвот на скалата на успехот, туку и со дното, токму затоа што ризикуваат да бидат искористени од земачите...

Неговата книга се обидува да најде што точно ги дели успешните давачи од 'чергиче' давачите. Ама не разгледува што ги дели успешните кретени, како Стив Џобс, од неуспешните... како Стив Џобс, кој беше избркан од неговиот старт-ап во 1985-та," пишува Џери Усим во Атлантик.

Во книгата Assholes: A Theory, авторот Арон Џејмс објаснува: "Шупакот (1) си дозволува да ужива во одредени предности и ова го прави систематски; (2) ова го прави од вкоренетото чувство на повластеност и (3) токму ова чувство го имунизира од жалбите од другите луѓе."

"Она што ги одделува шупаците од психопатите е што тие влегуваат во морално резонирање (сфаќаат дека луѓето имаат права; ама неговата позиција на повластеност едноставно го тера да верува дека неговите права треба да имаат предност). Дека ова резонирање е систематско, а не само повремено, дека е несовршен што го дели од тоа да е чист шупак," анализира Усим.

целата анализа тука

20 мај 2015 - 15:52