Заблудата на информираниот гласач

Тоа што човек е информиран и располага со податоци за тоа како функционира државата и кој на кого му е што, никако не значи дека истиот тој човек знае за што зборува, а уште помалку дека е објективен.

Во 2006-та, политиколозите Кристофер Аченс и Лери Бартелс објавуваат анализа под наслов "Се чувствуваме како да размислуваме: Рационализирање на гласачот и изборната демократија." Тие имаат една очигледна поента: "Многу малку политички индиректни факти се предмет на директна, лична верификација."

"Со други зборови, информиран гласач ретко знае што било од прва рака, на начин на кој ние знаеме дека небото е сино и дека сонцето изгреало утрово. Се што знае се базира на доверба; информиран гласач е добар колку што се добри и неговите извори на информации. А бидејќи сите имаме право на кои извори на информации им веруваме, гласачите со повеќе информации не се секогаш и поинформирани. Некогаш, тие се комплетно и длабоко погрешно наведени," пишува Езра Клајн за Вокс.

Аченс и Бартелс ги анализираат изборите од 1996-та, и дали гласачите знаеле дека буџетскиот дефицит паднал за време на првиот мандат на Клинтон (да, се намалува). Резултатот бил дека: колку знаеле гласачите било многу помалку важно отколку која партија ја поддржуваат. Републиканците во топ 20% по информираност било помалку веројатно точно да одговорат на ова прашање отколку Демократите кои биле во долните 20% по познавање на политичката ситуација. Слични резултати имало и кај демократите кога биле во прашање републикански теми.

"Заклучокот на Аченс и Бартелс е жален: најголем дел од она што изгледа како учење во американската политика, според нив, е сложена претстава за оправдување на верувањата кои тие веќе ги имаат. 'Најголемиот дел од времето гласачите само го реафирмираат својот пристрасен и групен идентитет на гласањето. Тие не резонираат премногу, ниту пак пречесто. Тие работат само на рационализирање,'" објаснува Клајн.

Според студија на Јеил гласачите имаат развиено сличен механизам и за верификување на експертите, според кој тие го сметаат за кредибилен само експертот кој се согласува со нив.

9 јуни 2015 - 12:17