За мажи со дупки во брадата

Целата њујоршка хипстерана која по некоја основа е хендикепирана на тема имање брада како маж, најде решение за својот проблем во форма на 7.000 долари.

Се работи за процедура во која се врши трансплантација на брада. Опциите се комплетна трансплантација или пополнување на некои делови кои недостасуваат.

Њујоршките хирурзи кои ги вршат овие операции објаснуваат дека пред една деценија тие правеле по десетина вакви операции годишно, за денес просекот да им изнесува околу 3 операции неделно.

Главни "пациенти" се мажи на 20 и 30 години. Освен овие што сакаат брада заради мода, на операција доаѓаат и девојки кои извршиле промена на полот и станале мажи, или мажи на кои им треба брада заради верски причини.

Влакната кои се пресадуваат најчесто се земаат од главата на пациентот (заедно со коренот) и преку микро-резови се ставаат на празниот дел од лицето. Во случај да се ќелави, се земаат влакна од градите. Целата процедура трае околу 8 часа. По ова влакната ќе паднат, но останува нивниот корен од кој почнува да се развива регуларна брада. Цената се движи од 3.000 долари за пополнување на празнини, до 7.000 долари за добивање цела брада.

Најчести модели на брада што се бараат се изгледот на Џорџ Клуни и Рајан Гослинг.

26 февруари 2014 - 16:14