За логиката на наградите

Текстот е напишан откако Марлон Џејмс ја добива Мaн Брукер наградата за неговата книга, на што претходеше Нобеловата за литература за Светлана Алексиевич, што се случи некое време откако беа објавени Мекартур стипендиите (или Гениј грантовите).

Веста од културата што сигурно ќе ја чуете од медиумските куќи големи, мали и социјални е за дододелувањето на наградите. Всушност, можно е да ја имате чуено и онаа дека моментално има повеќе награди отколку што има писатели и уметници што ги добиваат. За да се оделат китовите од ситната риба, Меѓународниот конгрес на истакнати награди го одржува Меѓунардниот центар за податоци за наградите.

Зошто ти се толку многу награди? Која е културолошката логика на наградите? Џејмс Инглиш забележува дека голем дел од вниманието се посветува на давањето награди, меѓутоа мал дел од ова внимание е научно. Ова може е иронично, или само-заштитничко, имајќи предвид дека научната сфера е арена полна со награди и признанија.

Инглиш сака да го поправи овој дефицит. Неговите анализи се базираат на работата на социологoт Пиер Бордо и ги истражуваат формите на културолошко производство на престиж. Во ова светло, наградата е парче "објектификуван симболичен капитал" и "инструмент за размена и конверзија со свои особени правила на функционирање." Инглиш прашува "каква вредност носат наградите во постмодерната економија на културолошки престиж, и како тие ја задржуваат оваа вредност соочени со нивните бројни и моќни соперници?"

Инглиш демонстрира како омаловажувањето и критиката на давањето награди, да не спомнам целото исмевање, е дел од новата културолошка игра која го има приоритизирано победувањето (освојувањето) и незадоволството од него. Всушност, вообичаените скандали околу Ман Букер наградата служат за промовирање на наградата и помогнаа неа да ја направат една од најпознатите награди во светот.

Кога Жан-Пол Сартр ја отфрла Нобеловата во 1964-та (тој вели дека пистаел мора "да не дозволи да биде трансформиран во институција, дури и ако ова се случува под најдостојни услови") тоа се случува во комплетно поразлични културолошки контекст отколку оној од скорешната кампања на Тони Морисон за наградите. Оние кои ја критикуваа неа се уште размислуваат под старата парадигма таквите награди, и нивното примање или одбивање, значеа нешто сосема друго. Инглиш поставува дел од правилата околу новата парадигма на производство на престиж, и притоа не штеди на озборување.

- Winning the Culture Game: Prizes, Awards, and the Rules of Art
By: James F. English

3 декември 2015 - 11:31