Уште една победа за природната селекција

Градските власти на Дејтона Бич деновиве дадоа дозвола за започнување со работа на полигон за пукање. Во рамките на полигонот ќе има и ресторан. Во рамките на ресторанот ќе се служат и алкохолни пијалаци.

За време на гласањето еден од седумте членови на комисијата бил против, по основа на страв околу тоа што на исто место и ќе се пука и ќе се служи алкохол.

Конкретниот член на комисијата, ги запрашал сопствениците како ќе знаат кој од гостите е трезен и на кој му е доволно оружје или алкохол.

Одговорот на еден од инвеститорите е дека планира празната зграда да ја преуреди во луксузен ресторан, а не во бар. Меѓутоа продажбата на алкохол му е неопходна за ресторанот да биде профитабилен. Тој ветил дека ќе има список на посетители кои би можеле да му прават проблеми, и дека ако треба ќе ја вика полицијата.

20 август 2015 - 18:15