Тачер и на погребот го штедела буџетот

Церемонијата за погребот на поранешната британска премиерка чинела 5,6 милиони долари, само дел од претходните проценки.

Поворката низ централен Лондон и церемонијата во катедралата Св. Павле (за која беа ангажирани 4.000 полицајци) оригинално се сметаше дека ќе чини 15 милиони долари, од кој најголемиот дел требаше да го платат даночните обврзници.

Оригиналната сума веднаш разлути добар дел од јавноста, за која овие пари претставуваа прекумерно трошење во време на општо штедење, посебно кога е во прашање премиерка чии економски реформи и дуели со синдикатите и понатаму ја делат Британија.

774.000 долари - трошоци за погребот, како користење на катедралата и приемот по службата.

1,7 милиони долари - на безбедност

1,3 милиони долари - за исплаќање на полицајците кои дента би биле на други задолженија, наместо на погребот.

Цвеќињата и закопот биле платени од семејството Тачер.

За споредба во 1997-ма погребот на принцезата Дијана (во денешна вредност) чини 11,9 милиони долари, додека погребот на кралицата Елизабета во 2002-ра чинеше 11,2 милиони долари. Една од разликите е и што церемонијата на Маргарет Тачер не се сметаше за државен погреб.

29 април 2013 - 14:23