Роб Лов за проблемите кога си убав

Човекот издаде втора книга, а во неа меѓу другото објаснува за тоа како не е лесно да бидеш убав и за предрасудите што ги трпат луѓето со убав изглед. Ние само можеме да му веруваме на збор.

"Постои неверојатна пристрасност и предрасуда против 'луѓето што добро изгледаат,' дека тие не можат да имаат болка, или дека не можат да имаат тежок живот или да бидат длабоки или да се интересни. Тие не можат да бидат ниту една од овие работи што сакаш да ги играш како актер. Сега ги добивам овие улоги и ги обожавам. Кога бев тинејџерски идол, бев толку проклето убав што самиот себе не се сфаќав сериозно," објаснува Лов за тоа како требал да чека цел живот за да ги добие добрите улоги.

Самото тоа што луѓето се изненадени колку тој бил забавен во "Parks and Rec" и "Californication," Лов го објаснува со "историската пристрасност дека луѓето што добро изгледаат не се смешни."

Во книгата тој споменува дека една актерките на "Parks and Rec," Рашида Џоунс, го нарекува "добродушен нарцис." Прашањето на Њујорк Тајмс е "како ова е поразлично од стандарден?"

"Минав години на психијатрија, и се прашувам на секои шест месеци - нешто како проверка на масло на моторот - се прашувам 'Не сум нарцис, нели?' Образованите луѓе од психијатријата ме убедуваат дека не исполнувам ниту еден од медицинските критериуми," одговора Лов.

7 април 2014 - 14:37