Најголемите бренд утки во 2012.

Некои го утнале моментот, некои не успеале да ја натераат публиката да ја сфати поентата, на некои едноставно ништо не им успеало.


5. Popchips

Рекламата пропадна чисто заради тоа што уште од старт беше обележана како расистичка заради ликот на Индиецот (акцентот + шминката на Ештон Качер). По кратко време, Popchips ја повлекоа рекламата од телевизија.


4. Хитлер продавница

Во Индија и во некои од нејзините соседи, Хитлер никогаш и не бил претерано негативен лик, ама до сега никој немаше отворено продавница со неговото име. Првата Хитлер продавница по кратко време мораше да го смени името заради глобалниот протест.

3. KitchenAid
За време на претседателската дебата на 3-ти октомври, KitchenAid објави комплетно непотребен твит за бабата на Обама, која почина неколку дена откако тој го освои првиот мандат. На крај излезе дека за твитот е виновен вработениот кој мислел дека е логиран во личниот Твитер акаунт, а не на корпоративниот. По ова твитот е избришан а против вработениот се превземени мерки.

 

2. Belvedere
За разлика од останатите брендови кои горе доле случајно згрешија, поентата на Белведере вотката од старт и беше да направи галама. По протестот околу целата работа дури и самиот претседател на компанијата се извини за рекламата.

 

1. La Redoute
Најбизарниот адвертајзинг дебакл годинава беше на модната компанија La Redoute, која на својот сајт ја објави горната фотографија. Ако од прва не ви е јасно што е проблемот, загледајте се подобро. Малку во десно.

целиот список

21 декември 2012 - 12:50