Луѓето се чума на Земјата

Тргнувајќи од една филозофија според која луѓето во основа не треба да ја спасуваат планетата, туку треба да гледаат себе си да се спасат, бидејќи Земјата како и да е ќе продолжи да постои, Атенбороу порача - ние сме чумата на Земјата.

Во интервју за Радио Тајмс, познатиот натуралист објаснува дека климатските промени и просторот се главните проблеми со кои треба да се занимава човештвото.

"Или ние ќе го ограничиме растот на нашата популација или природниот свет ќе го направи тоа за нас, а природата веќе почна да го прави тоа за нас," изјавил Атенбороу.

Предупредувањето на Атебороу посебно околу растот на човековата популација над капацитетите и ресурсите на Земјата, е подржан од голем број други научници, кои генерално се согласуваат дека мора да се преземат работи за намалувањето на бројот на луѓе.

"Не зборуваме за насилни мерки, туку потребни се владина пропаганда, даноци, достапност на контрацепција за сите сексуално активни луѓе, можност за абортус," објаснува претседателот на Центарот за конзервациона биологија на Станорд, Пол Ерлих.

29 јануари 2013 - 15:11