Крајот на легендата за Џони Ајв

Заменик претседателот на Епл задолжен за дизајн и човек кој стои зад најновиот апдејт на оперативниот систем на Ајфон, ја собра целата вина за рамниот изглед на iOS 7 кој никому не му се допаѓа. А не е само тој виновен.

Џонатан Ајв беше вклучен во изработката на Ајфон уште од првата верзија и тоа во речиси се што има каков било контакт со корисникот: од изгледот на иконите и менијата, до функционалноста на телефонот и неговиот физички изглед.

По објавувањето на изгледот на седмицата, ужаснатите корисници и блогери одма го извикаа Ајв за сите проблеми на оперативниот систем, а во меѓувреме изникна и сатиричен Тамблр на тема "Џони Ајв редизајнира работи."

Сепак не е целата вина на Ајв. Според Некст веб, најголем дел од новите икони се создадени од одделот за маркетинг и комуникација, а не од тимот што ги дизајнира апликациите:

"Од она што чувме, Џони Ајв ги довел тимовите за печатен и веб маркетинг дизајн за да го постават изгледот и палетата на бои за иконите на апликациите."

Иако тој не е самиот виновен за "неконзистентното искуство" на новиот оперативен систем, сепак тој го надгледувал комплетното редизајнирање на iOS.

Најголемото разочарување е што Ајв беше човекот кој требаше да направи ренесанса во Епл и да ја изведе компанијата на нов пат по смртта на Џобс. Токму заради тоа тој беше и избран да го замени Скот Форестал, на кој главна забелешка му беше дека претерал со скевоморфизм (дизајнирање на објекти за да личат на материјали од реалниот живот - пример жолтите нотес листови во апликацијата на Епл) во дизајните на Епл.

"Она за што е заинтересиран Џонатан Ив, секако е еволуирање на дизајнот на iOS за да го направи полесен и поголемо уживање за користење, а не само бирање страна во војната меѓу 'рамно' или 'не'," беше големото очекување кое Фаст Компани го објави во понеделникот пред конференцијата на Епл.

13 јуни 2013 - 16:18