Крајот на брадата?

Откако одговорниот за односи со јавност на Белата Куќа, Џеј Карни, на првата прес конференција за годинава се појави со брада, по што Њујорк Тајмс објави дека брадата станала меинстрим, GQ и официјално прогласи дека брадата повеќе не е кул.

"Секако прво Тајмс мораше да се помири со фактот дека брадата некако успеала да мигрира преку Ист ривер (реката која го дели Бруклин од Менхетен)," пишува GQ во својата анализа на текстот на Тајмс.

Продолжувајќи да го исмеваат Тајмс за тоа што се назад со случувањата, GQ потсетува дека весникот дури во мај годинава го има откриено Вилијамсбург, "централата" на хипстерите во Њујорк.

"Меѓутоа фановите на бричениот маж не треба повеќе да се плашат, бидејќи сега кога Њујорк Тајмс официјално ги прогласи брадите за тренд, трендот сам по себе е завршен... Знаете тренд сториите на Тајмс се нешто како парадокс на квантната физика. Тие со истражување околу постоењето на нешто, предизвикуваат тоа нешто повеќе да не постои. Па, бидете сигурни, брадата веќе е официјално готова," завршува Gentleman's Quarterly.

11 јануари 2014 - 13:48