Колку вработени би му требале на Дедо Мраз без магијата?

Во светот во моментов има околу 760 милиони деца кои се христијани. Експерти на УПС и ФедЕкс седнале да пресметаат колку вработени би му требале на Дедо Мраз на секое од овие деца да им испорача по еден поклон.

Неколку од основните предуслови што Дедо Мраз би морал да ги исполни се:

- 46 меѓународни центри за дистрибуција кои ќе му дозволат на Дедо Мраз да го дополнува товарот низ целиот свет. Ова значи и 400.000 работници за товарање на санката.

- 60 илјади работници за развивање на оптимизирани планови за летање и комуникација со властите за цивилен сообраќај, права за надлетување на територии и сл.

- 7.000 луѓе кои ќе ги мониторираат барањата и ќе ја адаптираат оптималната рута во реално време.

- 100 метеоролози кои ќе треба да пазат Дедо Мраз да не влета во невреме.

- 40.000 луѓе кои ќе му завршат работа на Дедо Мраз на царина.

За споредба ФедЕкс во моментот низ светот има околу 300.000 вработени.

20 декември 2012 - 15:59