Календарот ни е погрешен

Христијанскиот календар (оној што целиот свет ефективно го користи) не е точен заради грешка на еден монах, тврди човекот моментално одговорен за најголемиот дел од монасите во светот - Папата Бенедикт 16-ти.

Календарот се базира на невешта пресметка на монахот од 6-от век Дионис Ексигус, кој е одговорен за креирање на календарот за Anno Domini ерата, пишува Бенедикт 16-ти во својата нова книга во 3 тома за животот на Исус.

"Пресметките за почетокот на нашиот календар се направени од Дионис Ексигус, кој има направено грешка во пресметките за неколку години. Вистинскиот датум на раѓање на Исус бил неколку години претходно," објаснува Папата.

Дополнителна гужва што ја направи новата книга на Папата е дека немало магариња, ниту други животни за време на раѓањето на Исус. Тој објаснува дека во ниту едно евангелие не се споменуваат животните, и верува дека тие се пред христијански Еврејски обичај.

22 ноември 2012 - 11:38