Хумор со хендикеп

Смее ли човек да се зеза со инвалидизирани лица или се подразбира дека е тоа невкусно, макар тие биле познати и јавни лица? Овојпат контроверзите ги предизвика шкотскиот комичар Френки Бојл со неколку свои ремети на сметка на параолимпијците.

"Се зезав со олимпијците, ќе се зезам и со параолимпијците, тоа ми е работа", рече и онака контроверзниот Френки Бојл кој е познат по свој црн и песимистички хумор откако неколку негови твитови на сметка на параолимпијците предизвикаа различни реакции во јавноста.

Лавина дискусии се покренаа откако Бојл напиша дека Саудиските параолимписки пливачи без раце се "главно крадци", алудирајќи на шеријатскиот закон по кој на апашите им се сечат раце.

"Не гледам зошто не би се зезал со инвалиди," вика Бојл објаснувајќи дека тие го занимаат првенствено како познати лица. По ова бил замолен од една позната велшка параолимпијка да не го користи теминот "инвалиди" туку "инвалидизирани лица".

Дел од колегите застанаа на страната на Бојл но добар дел од коментарите по социјалните мрежи беа критички за ваквиот хумор.

"Читнете ги моите штосови за параломпијците и донесете си сами заклучок. Мене ми се забавни", порачува Бојл кој има речиси еден милион следбеници на Твитер.

1 септември 2012 - 11:20