Часови по порно

Учителите треба да знаат дека порнографијата не е "комплетно лоша" и треба да почнат да предаваат "како да се гледа на порното."

Од британскиот Форум за сексуална едукација бараат порнографијата да биде предавана во смисла на "медиумска писменост и преставување, полово, сексуално однесување и слика за сопственото тело."

- За почеток тие предлагаат дека децата уште на 5 годишна возраст треба да учат како "фотошопирањето" во медиумите создава нереалистични очекување.

- Во лекциите за сексуално образование за 11-годишните ученици треба да има и дискусија за опасностите од испраќање на сексуални пораки или слики преку телефон.

- Учениците на 14 години треба да учат дека порнографијата е глумење и дека не е вистинска, дека "сексот и изгледот на телата (во неа) најчесто се нереалистични."

Авторите на предлогот објаснуваат дека неговата цел е да се "понуди фактички точна информација и можност за безбедна дискусија која одговара со возраста на детето."

27 април 2013 - 16:37