Пиратскиот брод повторно ќе плови

Не е првпат да го потопуваат, се надеваме дека нема да биде ни последен пат како повторно ќе се појави.

Еден ден по упадот на шведската полиција и гаснење на сајтот, најпопуларниот терент сајт на светот сè уште го нема, иако за кратко проструи вест дека платформата е дигната на домеин од Коста Рика (а се работи за еден од многуте проксија на сајтот). Но, постојат доволно елементи за надеж дека сајтот ќе биде рехабилитиран и тоа на истиот thepiratebay.se домеин.

Ова не е првпат PIrate Bay да биде потопуван. Во 2006-та имаше слична акција на полицијата и тогаш на администраторите им беа потребни три дена да го вратат бродот на површина.

Клучниот проблем за полицијата во справување со пиратскиот торент крал е самата архитектура на сајтот и досетливата хостинг конфигурација.

Практично, целиот PIrate Bay е само индекс на магнетни линкови, мали фајлчиња кои на торент клиентите им даваат инфо каде да симнуваат некоја содржина. Зато, иако е полн со тешка видео, тв, аудио и порно содржина, самиот сајт е перолесен. Всушност, и целиот PIrate Bay можете да го даунлодирате од Pirate Bay (што многумина го имаат сторено).

Анонимни админи на Pirate Bay пред некој месец на торент фрикови им ја објаснуваа хостинг конфигурацијата во која практично сајтот нема клучен хардвер и целата содржина е распределена на 21 вирутелна машина на различни комерцијални хостинг провајдери. Машините по функција им се вака распределени:

8 web
6 search
2 database
1 LVS (вирtуелен сервер на Линукс кој служи како load balancer)
1 stats
1 for proxy site on .80 (уште еден начин да му се пристапи на сајтот)
1 torrents
1 control

Load balancer-от служи како сообраќаец кој го дистрибуира целиот трафик кон различните виртуелни машини и притоа маскира за каков проток се работи. 

Ние отсекогаш сме навивале за слободни торенти, не затоа што мислиме дека автор не треба да живее од својот труд туку затоа што да не постоеа тие и да бевме оставени само на "официјалната" содржина која ја нуди Македонија, уште ќе гледавме Козара и ќе се палевме на Неда Арнериќ (на која сепак треба да ѝ се оддаде признание за улогата бидејќи па таа да не постоеше, за палење ќе ни останеше само Бата Живојиновиќ).

 

 

11 декември 2014 - 12:29