Фејсбук манипулации во име на наука

По веќе неброен пат корисниците на Фејсбук ќе продолжат да дремат на социјалната мрежа, ама притоа ќе бидат комплетно бесни и гневни од неа. Овој пат причината е што Фејсбук експериментирал со речиси 700.000 луѓе.

Психолози, за пари, добиле пристап и дозвола од Фејсбук за да го менуваат фидот на 689.000 корисници, со тоа што им покажувале несразмерен број на позитивни и негативни статуси во период од една недела.

Заклучокот од експериментот е дека емоциите на другите на вашиот фид, може да влијае на вашето расположение.

Последицата од експериментот е што сега корисниците се гневни и на Фејсбук и на психолозите (ама повеќе на Фејсбук), за тоа што не биле информирани за промените и манипулирањето на нивиот фид.

Фејсбук легално има право да го направи ова, бидејќи уште со зачленувањето вие се согласувате дека тој може да ги користи вашите податоци за анализи, тестирање и истражување. Цаката на која што го фаќаат е дека е дека тој нема право да ги манипулира податоците (што се појавуваат во твојот фид) без претходна твоја согласност.

Одбраната на Фејсбук е дека во експериментот не е таргетиран некој конкретен корисник, и дека мрежата постојано прави истражувања за да ги подобри содржините што им ги сервира на корисниците, "а сериозен дел од ова е да се види како луѓето реагираат на различен тип на содржини, без разлика дали со позитивен или негативен тон."

На ова се надоврзаа и психолозите кои ја правеа студијата, објаснувајќи дека додека работеле со компанијата и тие сфатиле дека Фејсбук постојано го манипулира њуз фидот на корисниците.

30 јуни 2014 - 10:21