Гугл го купува Whatsapp за 1 милијарда?

Во последниве 5 недели двете компании го преговараат евентуалното купување, кое е заглавено само заради инаетот на Whatsapp да не се продаде под 1 милијарда долари.

Идејата е дека сервисот би станал дел од Google Babble (најавениот сервис на Гугл за праќање пораки меѓу различни платформи) кој се уште нема некое корисно решение за пораки од мобилни телефони, сегмент на кој владеат малите програмерски компании (Viber, Whatsapp) и пораките на Фејсбук.

Втора причина за заинтересираноста е што Гугл нема време да прави ваква апликација, бидејќи нејзината изработка и промовирање само дополнително би го одложило лансирањето влегувањето на компанијата во овој сегмент.

Whatsapp постојано е број 1 платена апликација во повеќе од 100 држави, со база на корисници која е раширена во над 100 држави и повеќе од 750 мобилни оператори. На новогодишната вечер во 2012-та, на Whatsapp беа испратени рекордни 18 милијарди пораки.

Моментално WhatsApp се наплаќа само на Ајфон, каде што чини 0,99 долари годишно.

8 април 2013 - 09:55