Епл, машала

Фановите на Епл треба да бидат задоволни што успешно го помогнаа повторниот мал раст, но сепак раст на залихата на готовина на компанијата која сега изнесува 207,06 милијарди долари. Алал вера колку сте упорни.

Извештајот за последниот квартал покажал дека Епл успеал купчето да го зголеми за еден процент во споредба со последниот квартал од 2019, кога имаше 205,9 милијарди долари. И покрај ваквите суми, купчето сепак е за 15% помало од пикот во 2019, кога пријави - 245 милијарди долари.

Сето ова благопријатно влијаеше на акциите на компанијата кои годинава пркнаа за 7% и над 100% во споредба со извештајот за првиот квартал од мината година.

Она што сега ги интересира инвеститорите на Епл е како коронавирусот ќе влијае на продажбата на компанијата во Кина, од каде доаѓаат 16,7% од приходите на компанијата во изминатите четири квартали.

25 февруари 2020 - 17:15