Џони Ајв ќе работи за Ферари

Додека се подготвува да почне со производство на целосно електрични возила, Ферари реши да ја ангажира дизајнерската легенда на Епл и човекот кој стои зад некои од најпрепознатливите дизајни на компанијата, Џони Ајв.

Официјалната објава е дека компанијата на Џони Ајв, Ловфром, ќе работи на голем број проекти за Ферари и неговиот најголем акционер Екснор НВ. (Екснор НВ е холдинг компанија во сопственост на семејството Ањели, има свој удел во поголем број други компании, вклучително Крајслер и Фиат.)

На што точно ќе работи Ајв и неговата екипа не е соопштено, само е објавено дека соработката има потенцијал низ целиот опсег на нивниот бизнис, што опфаќа се од ултра луксузни возила, до облека и часовници.

Ферари во април објави дека нивното прво електрично возило ќе биде во продажба во 2025.

Ова е само второ поголемо партнерство за Ловфром од основањето во 2019. До сега, тие имаа објавено соработка само со Ербиенби.

28 септември 2021 - 09:46