Човекот што годинава заработи 22 милијарди долари, и ги изгуби

Пан Сутонг е малку познат тајкун за недвижнини и електроника, базиран во Хонг Конг, чија нето вредност годинава растеше побрзо и од вредноста на Џек Ма, сопственикот на Алибаба груп, по неговото излегување на берза.

Пред две недели Сутонг се крена на 4-то место на Блумберг листата на најбогати луѓе во Азија, откако акциите на двете негови компании Голдин Фајненшл холдингс и Голдин Пропертис холдингс пораснаа за над 350 проценти. Самиот Сутонг во интервју од 12-ти мај изјави дека нема поим зошто растат, само знае дека растат.

Минатата недела, откако една компанија во рок од половина час изгуби 19 милијарди долари, двете компании на Сутонг во рок од 2 дена заедно изгубија 20 милијарди долари.

Мал вовед во финансиите на Сутонг. Голдин Фајненшл за втората половина на 2014-та, на крајот од декември пријавува приходи од 34 милиони долари, а над 99% од неговиот профит од 181 милиони долари доаѓа од кревање на вредноста на 27-катницата во Хонг-Конг која се уште му е во изградба.

На 15-ти мај, кога акциите го достигнуваат врвот тие се продаваат по 25 пати поголема вредност.

 

28 мај 2015 - 10:13