Операција зора - педантните турски немири

Минатиот петок започнаа немирите во Истанбул откако турските демонстранти го окупираа малиот зелен простор во центарот на градот познат како паркот Гези. Затоа што не го чуваат само со викање, тие не дозволија паркот да се претвори во гнаса.

Од почетокот на протестите, кои подоцна се проширија против про-исламистичката владејачка партија и премиерот Ердоган, илјадници турски граѓани излегоа на улиците во Истанбул и 48 други градови. Движењето #OccupyGezi постојано беше во судири со полицијата, во кои имаше илјадници повредени.

Премиерот Ердоган демонстрантите ги нарече "група крадци и маргинални групи." Про-владините медиуми ги обвинија дека во немирите демонстрантите направиле повеќе штета на околината за која се борат отколку добро.

За подобро да се справат со овие обвинувања, протестанти започнаа со организирана кампања за чистење на Истанбул. Во работата се приклучи и турскиот Гринпис.

- галерија од протестите во изминатите 10 дена

- отпор за Таксим

6 јуни 2013 - 16:09