Таг: руски гас

Франција грга руски гас

Паралелно со јуначењето на Макрон со изјави дека ќе испраќа француски војници во Украина, Франција полека стана најголемиот увозник на руски гас во Европа. Само годинава земјата и има платено на Русија 600 милиони евра за природен гас.

ЕУ тајно купила руски гас за 6 милијарди евра

И покрај галамата, ветувањата и муабетите што ги шири ЕУ, нејзините членки Шпанија и Франција се втор и трет по големина муштерија за руски гас во светот заостанувајќи само зад Кина. Членките на ЕУ само годинава и платиле 6,1 милијарда на Русија за течен природен гас.

Во Германија отворена сезона за паничење за руски гас

Германија ќе мора да го намали, па дури и целосно да го изгаси своето индустриско производство ако Украина не го продолжи договорот за транзит на руски гас преку своја територија кој завршува на крајот од следната година, предупредува германскиот вице-канцелар и министер за економија, Роберт Хабек.

Кои држави продолжија да купуваат руски фосилни горива по почетокот на инвазијата?

Од 24 февруари 2022 Русија има направено 315 милијарди долари од извоз на фосилни горива низ цел свет, од нив 149 милијарди се од ЕУ.

Рестрикции на струја речиси па неизбежни

Добрата вест што доаѓа од Брисел е дека резервите со гас на ниво на ЕУ веќе се над посакуваниот просек. Лошата вест што доаѓа од првиот човек на германскиот регулатор за енергија е дека резервите да бидат полни дури и 95% тие ќе бидат доволни за 2 и пол месеци, а на Германија и се 85% полни.

ЕУ сепак стигна да ги наполни резервите со гас

И покрај секнувањето на гасот од Русија, и сегашното и претходните, Унијата успеа да го достигне посакуваното ниво на наполнети резерви два месеца пред планираното.

Кина ќе ја спасува ЕУ

Само што одлучно (и не по своја волја) почна да се оттргнува од зависноста од рускиот гас, за која имаат колку економски, толку и идеолошки забелешки, ЕУ спасот го најде во уште поголем проблем - кинески гас.

Сол на европска рана

Во време кога пискотници за гас и струја се слушаат од Рим до Берлин, Русија на самата северна граница на ЕУ, кон Финска, почна во празно да согорува гас со вредност од 10 милиони евра на ден.

Нуклеарно освестен Шолц

Соочен со опасноста од премрзнување на народот и гасење на фабричките погони, германскиот канцелар порача дека продолжувањето на животот на германските нуклеарки всушност има смисла.

Германија има три месеца да се извади од криза, почнувајќи од сега

Се гаси улично осветлување, базени не се топлат, цели градови ја гасат топлата вода за туширање, претседателската палата во Берлин веќе не е осветлена, а општини низ земјата подготвуваат „центри за греење“ на кои луѓето би можеле да се загреат за зимоска да не измрзнат. Сè ова само за да се забави празнењето на резервите со гас за зимоска. И сè може да е задоцнето.

Германија за две години ќе има гас, за зимава ќе видиме

Првиот човек на германскиот регулатор за струја и гас, за Билд изјавил дека залихите на земјата се далеку подобри отколку претходните недели, ама не се ни приближно до тоа што и треба на Германија за зимава.

Не е лошо, полошо е

Процената на пазарот на природен гас е дека недостатокот и рекордните цени на енергенсот ќе траат некаде до 2024.

Не е стравот дека Газпром ќе го изгаси гасот, стравот е дека нема пак да го пушти

11 јули веќе со недели е кошмарниот ден за целосната германска индустрија, откако Газпром најави дека од 11 до 21 јули целосно го гаси Северен тек 1 заради редовно одржување на гасоводот.

Кој купува руска нафта и гас?

Статистиката за Русија за првите 100 дена војна во Украина е приходи од 97 милијарди долари. Или 977 милиони долари на ден, без разлика дали било работен, викенд или празник.

Кој прв ќе крахира, германската економија или Путин?

Тоа што почна како лошо претчувство околу намалениот доток на руски гас во Германија, сега се претвори во многу реален проблем откако Газпром го скрати дотокот на руски гас во Европа за 60% и изгледа дека ќе продолжи да го намалува.

Дали повеќе болат поразите од Русија или тоа што Трамп бил во право?

Во едни поранешните времиња, Трамп, општоприфатен како кловн на чело на САД, им кажа на Германците дека ако не преземат нешто драстично, земјата ќе стане тотално зависна од руска енергија. Германците му се смееа во лице, а меинстрим медиумите одма пресудија дека ова тврдење на Трамп е „фејк њуз“.

Ако секне Северен тек 1, Европа зимава останува без гас

Деновиве беше објавено дека Русија заради технички проблеми плус одржување, ја намалува испораката на гас во ЕУ преку Северен тек 1, што значи дека може да се случи ЕУ да не стигне да ги наполни резервите на гас до почетокот на зимата.

Германија се откажа од национализирање на Газпром Германија

Најголемиот притисок за целосно национализирање и предводник на целата операција е министерот за економија Роберт Хабек, проблем му е што главна кочница на национализацијата на Газпром Германија е канцеларот Олаф Шолц, па за сега се договорија само за „старателство“ плус заем од 10 милијарди евра.

Зошто Украина уште дозволува транзит на рускиот гас?

Месец дена војна, а рускиот гас минува низ украинска територија и гасоводи како во најдобри времиња. Блумберг се исчудува зошто Украина дури и под инвазија го дозволува ова. Разговараат со првиот човек на украинската нафтена компанија Нафтогаз.

ЕУ ќе забрани увоз на руска нафта и гас?

Зеленски во текот на денот треба да им се обрати по видео-линк на членовите на Европскиот парламент, по што се очекува Парламентот меѓу другото да повика на забрана за увоз на руските енергенси.

Македонија, братска Русија, и не така братскиот руски гас

Во нашата околината нема држава што поскапо плаќа од Македонија за рускиот гас. Во околината на Балканот нема држава која поскапо плаќа од Македонија за рускиот гас. Нема ниту во Источна Европа, ниту во Западна.

Две мапи во корист на Путин

Во март кога Русија го анектираше Крим, ЕУ и наметна санкции на земјата. Кога пред неколку дена беше соборен малезискиот авион, ЕУ најави уште посилни санкции. Во исто време Русите и понатаму не изгледаат како да паѓаат на овие закани.