Таг: реџеп таип ердоган

Логиката на политичката чистка

Ердоган уапси илјадници луѓе за да се задржи на власт, а не само што не мораше, туку можеше да тргне и во спротивен правец.

За добро на Турција Ердоган треба да се воздржи да биде Ердоган

За Ердоган спасот на политичката кариера (а потенцијално и животот) започна на аеродромот во Истанбул, каде изјави дека обидот за пуч бил дар од бога затоа што сега ќе може да ја исчисти армијата и вети дека пучистите "ќе платат висока цена за ова". Заменикот уредник на Гардијан, сака да верува дека целата работа може и помирољубиво да се разреши.

Како се промени Турција

Пред пет години сите зборуваа за "турскиот модел". Западот и муслиманскиот свет ја сметаат Турција за сјаен пример за спој на Ислам и демократија. Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер, а сегашен претседател на републиката, го фалеа како реформист кој создава послободна, побогата и помирна Турција.

Зошто Турција гради џамии низ светот

Отворањето на мега-џамијата во близина на Вашингтон Д.Ц. требаше да биде кулминацијата на посетата на Ердоган на Турција. Тоа што Обама не се појави малку им скрши филм на Турците, кои објектот го сметаат како дел од своите напори презентираат умерена верзија на исламот, на што тој одлично ќе дојдеше како некаква симболика за помирување меѓу двете страни.

Апсења во Турција, политика или спорт?

Турската полиција денес привела 38 лица кои се сомничат дека „ја наместиле управата на Фенербахче" во периодот на истрагата за корупција пред 5 години кога Фенербахче беше исфрлен од Европа.

Ердоган го праќа Хакан Шуќур во затвор?

Поранешниот напаѓач на Галатасарај и Интер ќе биде процесуиран поради навреда упатена кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Шуќур негира, но неговата теза не е прифатена и се соочува со затворска казна.

Ердоган вадел заклучени судии, претседателот казнет

Претседателот на турскиот прволигаш Трабзонспор, Ибрахим Хачиосманоглу е суспендиран на 10 месеци и казнет парично поради тоа што минатиот викенд наложил во соблекувалните да се заклучат судиите на мечот против Газиантеп.

Авторитарното искушение

Месецов пред 24 години, советските радикали, очајни да ја спречат започнатата демократска транзиција на земјата, го уапсија Михаил Горбачов и прогласија воена состојба. Mилиони демонстранти излегоа на улиците. Клучните елементи на армијата одбија да се приклучат на државниот удар и тој наскоро пропадна - а по него следуваше и Советскиот сојуз.

10 заклучоци од изборите во Турција

Хуриет текстот го започнува со - минатонеделните избори во Турција не се ништо помалку од културолошка и политичка револуција: не само што Реџеп Таип Ердоган го изгуби парламентарното мнозинство, туку и курдските политичари за прв пат успеаа да освојат доволно гласови за да влезат во парламентот.

Тројниот пораз на Ердоган

После години владеење, овие избори требаа да бидат следниот чекор во господарењето на Ердоган со Турција. Замислата беше да се освојат доволно многу гласови за земјата од парламентарна да се префрли на претседателска демократија. Не дојдоа ни блиску до ова.

Турски студентски пленум

Илјадници студенти низ Турција протестираат заради најавата дека на нивните универзитети ќе се градат џамии. Немаат тие ништо против самите верски објекти, ако паралелно со нив се изградат и џедајски и будистички храмови.

Ердоган незапирливиот

Воопшто не е изненадување, ако се земе предвид колку е слаба опозицијата и дека исходот од изборите однапред беше познат - Реџеп Таип Ердоган победи после првиот круг гласање на претседателските избори во неделата, првите вакви избори во Турција, пишува во едиторијалот на француски Ле Монд.

Ако сакаш да го популаризираш Твитер, забрани го

Турција, поточно Ердоган, вчера вечерта одлучи да го блокира Твитер на државно ниво. Денес Гардијан објави дека од почетокот на забраната Турците имаат пуштено околу 2,5 милиони твитови, што е нов рекорд за земјата.

Ердоган се јави!

Не можејќи лично да учествува на еден партиски собир во Измир, турскиот премиер на симпатизерите им го испрати својот дигитален двојник.

Касимпаша ќе растура додека Ердоган е на власт

Љубителите на фудбалот (или на кладилниците) сигурно се чудат како еден анонимен клуб како Касимпаша се најде на втората позиција во Турција. Тајната е во тоа што Касимпаша е омилен тим на премиерот Реџеп Таип Ердоган.