Таг: образование

Милијардерот што ги доплаќа професорите на Њујорк

Затоа што е полесно да одвоиш милиони долари годишно отколку да и објасниш на администрација зошто средношколските професори по математика и физика се важни за образованието на децата, американски милијардер одлучил да им дели бонуси на професорите во Њујорк.

Пофалба на кредата

Да можевме, овој текст ќе ви го напишевме на старата добра црна (или зелена) школска табла, со сунѓер во левата и креда во десната рака. Не само заради некаква носталгија, туку како протест против сите тие Power Point презентации, лаптопи, таблети, кои го претворија образованието во куп шарени сличиња. Плус, никаков дигитален аудио ефект не може да го замени звукот на чкрипење со креда на табла.

Америка против екстерното

Тестирањата се повеќедецниска пракса во американските школи но поради искривување на нивната првична цел, тие во последно време се соочуват со сериозен па и масовен бојкот од учениците, родителите и наставниците.

Никој не ги проверува реформите

ОЕЦД прави анализа во која пресметува дека нивните земји членки (вкупно 34) од 2008-ма до 2014-та имаат спроведено 450 образовни реформи. Од нив, само секоја десетта била анализирана за нивното влијание врз образованието на децата.

Учење по теми, а не по предмети

Без секирации, ова не е најава на уште една реформа на нашиот образовен систем, за којшто не можеме ни да претпоставиме кога би созреал за една ваква не бирократска, туку длабока концептуална промена. Без страв од рушење на својот актуелен висок образовен углед, оваа реформа ја спроведува - Финска.

Долга е раката на младите

За разлика од македонските млади кои на автентичен и решителен начин успеаа да ја направат првата сериозна пукнатина во непопустливиот однос на власта, дел од американската младина мака мачи да вметне една реченица во регулативата која се однесува на нив.

Тестовите не се решение на проблемот, тестовите СЕ проблемот

Со години сум сведок како стандардните тестови го гушат духот на учениците, внесуваат стрес во семејниот живот, ги деморализираат наставниците, ги потценуваат училиштата, ја парализираат образовната дебата и ја поткопуваат идната компетитивност на оваа земја, вели авторка која долго се занимава со оваа проблематика.

Драги наши образовни слепци, ОВА е граѓанско воспитување

Седењето во училиште и онака знае да ги подгрбави децата. Особено овде, каде системот си помислил дека една од неговите задачи е да им ги омекне кичмите на младите, за полесно да се виткаат понатаму во животот (Види "Kако сум систематски уништен од идоти"). Ако е така, одиме ние со малку физикална терапија.

Германија бесплатна

Откако и Долна Саксонија ја укина школарината сите факултети во Германија се бесплатни. Генерално ставот за партиципацијата им е - не е ферски.

Мајнкрафт за секое дете!

Мајкрософт платил 2,5 милијардни долари за да ја купи играта Манјкрафт. Зошто ова би било тема за Букбокс? Сега ќе ви објасниме.

"Не сте толку посебни"

"Качи се на планина не за да закачиш знаме туку за да го победиш предизвикот. Уживај во воздухот и запомни го погледот. Качи се таму за да го видиш светот а не за тој да те види тебе", порачува еден паметен даскал кој 26 години им предава на средношколци.

Не им помагајте на децата во домашното

Помагањето на своите деца во пишување домашни и решавање задачи и постојана вклученост во активностите во училиштето е вообичаена појава која сите ја сметаат за пожелна и никој не гледа ништо спорно во тоа. Сè до последнава сериозна студија која вика: Немојте.   

Лежи лебу да те учам

Фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс им понудила 40 милиони на сиромашките школи во Питсбург доколку изградат систем по кој наставниците ќе бидат одговорни за успехот на учениците. Наставничката федерација одговорила отприлика: Не, фала, вака ни е подобро.

Кому треба Шекспир во рап верзија?

Gay pride и Black Pride се бесмислени слогани и оние што ги носат треба да ги отфрлат, бидејќи создаваат бариери кои луѓето ги држат заклучени во рамките на малцинските групи, смета еден од водечките образовни експерти од Велика Британија.

Часови по порно

Учителите треба да знаат дека порнографијата не е "комплетно лоша" и треба да почнат да предаваат "како да се гледа на порното."

Дали се исплати да учиш факултет?

Ако се земе во предвид платата што ја "гарантира," факултетот е се помалку исплатлива инвестиција. Отприлика една петина помалку од пред 10 години.

Татковци и синови

Наспроти големите зборови за добрата бизнис клима и пресудноста на претприемачкиот дух, шансите еден сиромашен земојделец од Србија да одшколува свое дете за политичар изнесуваат 2 процента.

TED со нова иницијатива

Посветеноста на TED на „идеите вредни за споделување", кои покриваат теми од невробиологија до кулинарство, сега добива свое продолжение - TED-Ed, проект наречен „Лекции вредни за споделување".