„Лекции вредни за споделување"

TED со нова иницијатива

Посветеноста на TED на „идеите вредни за споделување", кои покриваат теми од невробиологија до кулинарство, сега добива свое продолжение - TED-Ed, проект наречен „Лекции вредни за споделување".

Идејата е преку соработка на наставници, професори и аниматори да се создадат 10-минутни паметно склопени лекции на различни теми, за ученици и студенти од различни возрасти.

Во десетте дена од почетокот на проектот на посебниот YouTube канал се поставени 15 видеа, кои комбинираат едноставна анимација со важни теми од областа на лингвистиката, историјата на науката и природните феномени. Тука погледнете го она каде Адам Севиџ (еден од Митбастерите) ве шета низ „мистериите" на научните откритија. Ератостен и Хиполит никогаш не биле позабавни, и поразбирливи.

22 март 2012 - 11:18