таг: видео

Гробиштата од „Добриот, лошиот и грдиот“ се вратија од мртвите

Нов документарец оддава признание на обожавателите на славниот шпагети вестерн, кои со макотрпна работа ја реставрирале локацијата каде се одвива неговата антологиска сцена. Повеќе

Вал Килмер го промовираше „Граѓанинот Твен“
Филм според монодрама за славниот американски писател

Понекогаш актерите си имаат некаква страст која сакаат по секоја цена да си ја остварат, без да трчаат по продуценти, да собираат екипа и да зависат од нечие туѓо сценарио. Вал Килмер си финансираше, режираше, ја напиша, и играше во претстава посветена на славниот американски писател со бушава коса и остар јазик, чија премиера се случи 2013. Сега го промовира и филмот направен од претставата. Повеќе

По 46 години Јоко Оно стана ко-автор на „Замисли“
Тешко е да се замисли

Aмериканската асоцијација на музички издавачи, на свеченоста оддржана во Њујорк по повод 100 години од нејзиното постоење, ја прогласи Оно за ко-автор на хитот на Ленон од 1971, Imagine. Повеќе

Дигитално реставрирани 100 години старите четки на Мунк
Сега можат да се користат во Фотошоп

Адоби го најави „Тајни богатства на креативноста“, прв проект од ваков вид кој за почеток дигитално ќе ги рекреира над еден век старите четки на Едвард Мунк, со надеж дека ќе инспирира нови генерации мајстори-сликари. Повеќе

„Тампопо“ (Глуварче, 1985)
Букбокс гледаше

Што се случува кога ќе се спојат јапонска комедија, филозофија и еротика со храна? Откачен филм после кој сигурно ќе почнете да пребарувате рецепти за „рамен“. Повеќе

150 години од раѓањето на Френк Лојд Рајт
„Ако ви се ниски ѕидовите, пресечете ги сликите“

Роден на 8 јуни 1867, Рајт е еден од највлијателните архитекти на 20 век, радикален дизајнер отворен за нови технологии, но и оригинален теоретичар кој ги спојува природата, урбаното планирање и социјалната политика. Одбележувајќи век и пол од неговото раѓање њујоршкиот МоМА ја отвори изложбата Лојд Рајт на 150: распакување на архивата. Повеќе

Босанската севдалинка што ја има напишано Германец од 19 век
Чија е таа песна?

На концертот на Дамир Имамовиќ во Скопје оддржан вчера (25.05), тој како автор на стиховите на една од песните го наведе, ни помалку ни повеќе, туку славниот германски поет Хајнрих Хајне! Потоа почна да ја свири „Азра“ (Крај танана шадрвана), на изненадување на мнозинството во салата, на кое ни на крај памет до сега не му било дека таа не е „асли“ босанска. Која е приказната за оваа песна? Повеќе

Стиховите и музиката на Моли Дрејк, мајка на прерано починатиот Ник Дрејк

Утре (26.5) излегува нов албум на британската фолк група The Unthanks, целосно посветен на песните и музиката на Моли Дрејк, мајката на прерано починатиот и нам драг Ник. Тоа е повод за потсетување на животот на оваа жена, која умрела дваесет години по самоубиството на нејзинот син. На нејзиниот гроб како епитаф стои стих од негова песна. Повеќе

„Картон oд тебе“ (A Case of You) - Џони Мичел/Салвадор Собрал
Песна на денот