Харпеџи - хибридот од гитара и пијано кој добива на популарност

Името му е комбинација на харфа и арпеџо. Долг еден метар, тој може да се опише како „кога пијаното и гитарата би имале дете“. Откако пред десет години се појави во рацете на Стиви Вондер и други музичари почнаа да му обрнуваат внимание.

Во април 2012 Тим Микс бил на музички саем во Калифорнија, кога некој го тупнал по рамо. Стиви Вондер се погодил во градот и слушнал за инструментот кој Микс го имал измислено неколку години претходно - хибрид од гитара и пијано наречен харпеџи - и сакал да го проба. Наскоро двајцата се нашле над инструментот со пет телохранители наоколу, додека Микс ги движел прстите на слепиот музичар над жиците за да му покаже како се свири. 

„Ми се допаѓа. Како да нарачам едно?“, прашал Стиви.

Ова било пресвртна точка за Микс, кој конструирал и продавал харпеџиња (веројатно тоа би била множината) од 2007. Сепак, продажбата одела бавно. Но по оваа епизода со Вондер, кој потоа му дал силна поддршка промовирајќи го инструметот, сега тој има продадено 1500 примероци и продажбата продолжува да расте. Така, тој е еден од малкумината живи изумители на успешен нов инструмент. 

Харпеџито чини речиси 6000 евра, телото му е направено од брезово дрво и има 24 жици. Функционира малку како пијано, со тоа што намешто клавиши се притискаат жици. Истовремено, малку е и како електрична гитара, бидејќи магнетите го прибираат звукот и го испраќаат во засилувачот. „Сакав да звучи како органски жичан инструмент, но да свирам на него како на пијано кое веќе го познавам а не да учам гитара од нула“, вели Мик, додавајќи дека веројатно најдобрите изуми произлегуваат од мрзливост. 

Ваквата конструкција нуди голем број свежи хармонски можности. И не е само харпеџито - дизајнот на инструменти е област која брзо се развива. Во Кралскиот колеџ во Лондон постои и посебна Лабораторија за надградени инструменти (The Augmented Instruments Laboratory) каде во последно време се создадени виолина за една рака (дизајнирана за луѓе со хендикеп) и „хаотични ѕвона“ - рамка од 4 метри квадратни исполнета со челични цевки кои кога на нив се „свири“ произведуваат какофоничне метален „луп“. Гутмановиот натпревар за музички инструменти е најважниот годишен настан во оваа област, а оваа година наградата ја однесе зен флејта.

22 август 2023 - 10:49