Таг: индира кастратовиќ

Дину, Будимир, Индира, Вале, Гоца - денот кога Кометал стана европски шампион

Како предвесник за она што ќе се случува 15 години подоцна кога Вардар стана европски шампион, Кометал Ѓорче Петров на 19 мај 2002 година се качи на европскиот трон и го воодушеви цел континент.

Сопругата на Тимур Дибиров ќе ги тренира Вардарки

Давид Дејвис кој беше во стручниот штаб на машката ракометна екипа, па ја замени Индира Кастратовиќ на клупата во женскиот клуб, побарал да се врати на старото место.

Вардарки ќе патуваат на далечен пат во Русија

Првиот ден од седмиот месец во годината беше среќен за ракометарките на ЖРК Вардар, кои во Данска ги дознаа противниците во првата групна фаза од Лигата на шампионите.

Дебакл на Вардар на Фајнал Форот во Будимпешта

Ракометарките на Вардар ниту трет пат по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарки беа огромен фаворит, но загубија од дебитантот на Ф4, Букурешт 27:21.

Вардарки одат кон трета среќа

Ракометарките на Вардар го добија најлесниот противник на ждрепката за Ф4 во Будимпешта. Историско финале во Лигата на шампионите ќе бркаат против ЦСМ Букурешт.

Вардарки одат по европскиот трофеј

Ракометарките на Вардар попладнево загубија 28:26 во формалниот реванш со Ларвик во Норвешка, но по 14-те голови предност во Скопје пласманот на четвртиот Фајнал фор по ред не се поставуваше.

Вардар го победи Будуќност во сенка на навивачките нереди

Во претпоследното коло од главната фаза во ЛШ, а првпат после цели две години Вардарки во Скопје го победија европскиот првак 26-24.

Вардарки во голем стил им се вратија на победите

Во добра форма ракометарките на Вардар после паузата во ЛШ фатија ритам и убедливо со 37:25 го совладаа шведскиот Савехоф.

Рутинска победа на Вардарки против некогашниот гигант Хипо

Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.

Вардарки штиклираа триумф и пласман во следната фаза

Ракометарките на Вардар со убедливи 25-15 го победија данскиот шампион Митјиланд и обезбедија пласман во следната фаза каде ќе префрлат четири бодови освоени во дуелите со денешниот противник.

Црвено-црна демонстрација на сила

Ракометарките на Вардар попладнево стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите, откако во Јане Сандански убедливо триумфираа против данскиот шампион Митјиланд 33:24 (16:8)

Скандинавките не сакаат балкански груб и цврст ракомет

Тренерот на Вардар, Данецот Јан Питлик 15 години беше селектор на Данска и одлично ги познава ракометарките кои во недела ќе му гостуваат на Вардар во Скопје.

Вардарки ја надополнија црвено-црната вечер

По воведниот пораз од Ѓер во Скопје, ракометарките на Вардар се консолидираа и со убедливи 13 голови разлика славеа против Хипо, 25-38.

Будуќност повторно кобен по Вардарки на Фајнал фор

Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.

Будуќност - расадник на талентирани и груби ракометарки

Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.

Демонстрација на сила во Ѓер за пласман на фајнал фор

По убедливиот триумф во Скопје, ракометарките на Вардар ремизираа во Ѓер 27-27 и втора година по ред ќе бидат дел од ракометниот крем.

Европскиот шампион се поклони во Скoпје

Осум години Ѓер игра во полуфиналето на Лигата на шампионите, има четири финалиња и две титули. Сепак бројките не важат во Јане Сандански, каде ракометарките на Вардар вечерва го скротија актуелниот европски првак 24:18. Реваншот е за седум дена во Унгарија.

Во Скопје паѓале поголеми екипи, нека падне и машинеријата Ѓер

Ракометарките на Вардар во сабота во својот дом „Јане Сандански“ го пречекуваат унгарски Ѓер, во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Кастратовиќ, Радичевиќ и Лекиќ согласни дека веќе нема поправен испит и дека Унгарките мора да загубат пред полна сала.

Вардар го завери четвртфиналето, во Јане падна Динамо Синара

Во последното коло од групната фаза, ракометарките на Вардар го совладаа тимот на Динамо Синара 28:27. Амандин Лејно со дури 14 одбрани беше најзаслужна за триумфот на црвено-црните, кои во четвртфиналето ќе играат против унгарскиот Ѓер.

Нема калкулации, Вардарки одат на победа против Динамо

Во последното коло од втората фаза по групи во ЛШ, ракометарките на Вардар во сабота го пречекуваат составот на Динамо Синара oд кој убедливо зaгубијa нa првиот меч 33:25.

Вардарки се смрзнаа на -8 во Волгоград

Ракометарките на Вардар го претрпеа најтешкиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, 33:25 (15:12). Динамо Волгоград беше убедливо подобар од црвено-црните кои имаа преголем број на неизнудени грешки и промашени зицери.

Вардар го положи испитот против Крим

Неочекувано лесно и убедливо Вардар го совлада словенечкиот Крим 41:30 во продолжението од групната фаза на ЛШ. Најзаслужни за првите бодови во ТОП12 фазата беа Јованка Радичевиќ со осум погодоци и Лекиќ и Дембеле со по шест голови.

Нема поправен испит за Индира и девојките

Ракометарките на Вардар во сабота играат исклучително важен натпревар во групната фаза од ЛШ. Во Скопје гостува традиционално незгодниот Крим од Љубљана, за кој играат довчерашната вардарка Алисон Пино и Мирјета Бајрамовска.

Пораз за Вардарки на почетокот, Лајпциг посилен

Ракометарките на македонскиот шампион Вардар загубија на премиерата од втората фаза во ЛШ од германскиот Лајпциг 26:23.