На многумина може да им се чини дека читање роман за луѓе што планираат самоубиство на Нова година и не е баш највеселиот начин да се дочека истата. Но кога е во прашање Хорнби, подобар начин и нема.
Тероризам, ИСИС, уште тероризам, Трамп, Брегзит, смрт на славни личности. 2016 изгледа дека не можеше да биде полоша. Стивен Пинкер вели - чашата е сепак полуполна, ама само ако заедно ја наполниме.
Прелесното расфрлање со поимите фашизам и фашисти доведува до нивна инфлација - колку повеќе ги има во оптек, толку помалку вредат или нешто навистина значат. Наместо прецизна вредносна содржина, се добива обична навреда која зачестено служи за дисквалификација на политичките противници. А има нешто примамливо и во тоа што кога ќе го прогласиш противникот за фашист, во своите очи автоматски стануваш антифашист.
При крајот на годинава медиумите се обидуваат од петни жили да направат списоци на фини вести и настани кои се случиле во исто време додека нè навјасуваа лошите, само за некако да ја смалат горчината која таа ни ја остава во устата. Некако тешко им оди.
Додека патувал низ Европа со другар му Макс Брод, летото 1911, на Кафка му дошла бизнис идеја - да пишува водичи со совети за тоа како да патуваш со малку пари. И во оваа работа бил визионер.
И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.
Направен според романот на добитникот на Нобеловата за книжевност, Португалецот Хозе Сарамаго, овој филм е дистописка алегорија за човечката состојба. Онаа во којашто се наоѓаме во моментов.
Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Постизборно сте вознемирени? Ве јаде јанѕа што носи иднината? Дојдете на топол чај подготвен по стандардите на еден Орвел. Или, ако повеќе сакате, на еден Даглас Адамс. А ние и ќе ви гледаме во него.
Вака-така Дилан сепак одлучи да му се обрати на Нобеловиот комитет, извинувајќи му се што не може да биде на свеченоста на доделувањето „главом и брадом“. А баш сакавме да го видиме со тоа орденот на гради, како одликуван генерал на поетско-музичарската војска.
Два збора кои се прогласени за зборови на годината укажуваат не само на тоа како живеевме последниве (скоро) 365 дена, туку и што нè очекува во иднина. Едниот е „пост-вистина“, а вториот „снегулка“. Комбинирани, тие отсликуваат атмосфера која не е баш благопријатна за критика и аргументирање со факти, a сатирата се сведува на лажни вести-јадици за кликови на интернет.
Дјук Елингтон во неговата автобиографија „Музиката ми е љубовница“ се пофалил дека е најдобриот слушател на музика на свет. И во ова има нешто - како што за да бидеш добар писател прво треба да научиш да читаш туѓи дела, така и за да создаваш музика треба да ги отвориш ушите. Така таа полесно стигнува и до срцето.
Пред пет години Роман Атвуд го аплоудира своето прво видео на Јутјуб во кое им приоѓа на луѓе на улица и над глава им превртува кофа за вода. Откако ќе се штрецнат, "жртвите" за кратко сфаќаат дека кофата е празна. Според Форбс, Атвуд годинава на Јутјуб заработил 7,5 милиони евра.
Не, претставувањево на книгава нема, или барем нема намерна врска со претстојните избори. Едноставно, по претставувањето на првата книга во серијава текстови, за тоа како да раководиш со нарко-картел, оваа ни изгледаше како логично продолжение.
Започнуваме серија во десет продолженија во која ќе ви ги претставиме најиновативните, најинтересните и најзначајните книги од различни жанрови и области во годината која полека изминува. Започнуваме со една прилично практична тема - како, ако баш решите, да создадете нарко-картел.
„Приказни за начини и средства“ (Stories for Ways and Means) не е баш типична сликовница. Со оглед на тоа кој ја пишувал, тука има и чудни слики, и „мрсни“ зборови, и откачени приказни. Ама приходот од продажбата оди кај деца на кои им треба помош.
Во Вашингтон како да експлодирала бомба. За помалку од една година, лидерите на двете најголеми партии се судрија, фундаментално преобликувајќи ја политичката култура што со генерации се чинеше непроменлива. Катастрофалниот пораз на Хилари Клинтон ги остави малцинството демократи во хаос. Зад сцената веќе се одвива битка за душата на оваа опозициска партија.
Држењето до митот за развиена, цивилизирана и напредна Европа не може да му понуди на Балканот решение за проблемите, од едноставна причина што таа и ги има создадено, и продолжува да репродуцира голем број од нив.
Eри де Лука, добитник на Европската награда за литература за 2013, фален како „писател на деценијата“ од Кориере дела Сера во 2009, сега доби уште едно престижно признание - годишната награда за најлоша секс сцена во книга.
Јаша Моунк е предавач на Харвард, кој има проблем со една од најосновните претпоставки на западната политика, дека „кога еднаш земјата ќе стане либерална демократија, таа ќе остане таква“, односно дека либералната демократија е хепиендот за секоја држава. Проблемот станува поизразит како што тој почнува подетално да го истражува.
Нашите националисти најмногу ги жести фактот дека меѓу земјите од поранешна Југославија, и покрај сè, сè уште има силни културни врски. Ги жести затоа што нашите локални бардови можат да бидат големи само во вакви затворени средини и што својата меѓународна кариера можат да ја остварат само во земјите на поранешна Југославија. Покрај тоа, националистите заемно се привлекуваат, знаете; многу се сердаризираат и се војводизираат; и тоа ви е некој посебен вид еротика...
Никогаш не доби Нобел за нив, но Кеш освен снимените песни во тек на неговата петдецениска кариера напишал и куп стихови кои не доживеале (или не ни требало) да бидат придружени со музика. Сега се објавени во нова книга.
Кога на почетокот на годинава беа укинати авторските права на книгата на Хитлер, беше издадена ново, анотирано издание, кое веднаш стана бестселер. Сега тоа доби и значајна академска награда во Германија. Тајмингот, велат, не можел да биде подобар.
Италијанската винарија Мате Кореџа и дизајнерската агенција Риверс Иновејшн се здружиле во проект кој ветува „средба помеѓу одлично вино и задоволство од читањето“.