Во Амстердам секоја година има пливачки маратон во градските канали

Љубителите на маратонско трчање и другите слични спортови се помирија со фактот дека годинава натпреварувањата се одложија или се поместија. Но уште надеж имаат оние чии маратони се закажани за септември и првата половина на октомври.

На списокот одложени и поместени масовни натпреварувања се приклучија Берлинскиот маратон и Светското првенство во триатлон Ironman кој годинава требаше да се одложи на Хаваи.

Големиот Московски маратон кој е планиран за 20 септември, се уште не е одложен, но тешко дека ќе го повторат минатогодишниот рекорд кога имаше 33.000 учесници од дури 85 земји!

Познатите спортски настани во градовите се дополнителна можност за привлекување туристи и да се придонесе за подобрување на имиџот на градот.

Пример е познатиот Њујоршки маратон кој секоја година собира околу 50.000 ученици и уште повеќе гледачи. Овие луѓе принесуваат заработка за градската каса и стануваат доброволни амбасадори на градот ако сè им се допадне.

АМСТЕРДАМ ИМА ИНТЕРЕСЕН ПЛИВАЧКИ МАРАТОН ПО ВОДИТЕ НА ГРАДОТ

Во еден од најубавите градови во Европа, Амстердам, секоја година се одржува тркачки маратон и полумаратон. Но таму во септември секоја година има и пливачки маратон кој собира околу 3.000 учесници кои пливаат 2 километри по градските канали.

Дента сите брегови на градот се исполнети со навивачи и обични гледачи, така што Амстердам се претвора во еден голем воден стадион. Најдобрите пливачи во финишот ги пречекуваат сите присутни гледачи, како и придружни чамци и бродови кои палат огномет и факели проследени со музика.

Сите собрани средства од овој маратон најчесто одат во поддршка за медицинските истражувања. Пред неколку години сите средства биле донирани за институтите кои ја изучуваат Амиотрофичната латерална склероза (од неа боледуваа Стивен Хокинг и Фернандо Риксен). Самиот Риксен, некогашен познат фудбалски репрезентативец на Холандија присуствувал на маратонот во 2019-та.

КОЛКУ Е СИГУРНО И ХИГИЕНСКИ ИСПРАВНО ДА СЕ ПЛИВА ВО НЕ БАШ ЧИСТИ ГРАДСКИ КАНАЛИ?

Ова прашање ги интересирало не само пријавените учесници туку и локалните научници. Алармот на тревога бил вклучен по масовно труење на спортисти по триатлонот во Утрехт во 2015-та година.

Докторите и научниците собирале статистички податоци и дошле до заклучок дека повеќе од 20% од учесниците во следните денови по пливањето имале здравствени проблеми - најчесто болки во желудник или кожни инфекции. Овие заболувања не се смртно опасни но можат да предизвикаат многу непријатности.

Интересно, по објавувањето на истражувањето, пливачкиот маратон не престанал, туку сега учесниците повеќе знаат за последиците а градските власти за влијанието на лошата екологија на жителите.

Развојот на вакви активности е многу важен и за другите градови, затоа што отворената вода во нив е огромен неискористен ресурс за мобилност и физичка активност. Ако не за пливање, макар можноста за пловења во лични мали чамци и опуштање по напорен ден.

Само замислите ја уживанцијата на градска река после напорен ден. 

Но за такво нешто сигурно ќе треба далеку поактивни акции за чистење на водата и речното дно, спречување на загадување и изградба на инфраструктура во вид на марина како и осветлување на јавните површини.

Со други зборови, градските води во иднина би можеле да станат нешто што денес се велосипедските и атлетски патеки. Бесплатно задоволство и уживање на отворено.

Фото: Instagram/amsterdamcityswim; globallookpress.com/ZUMAPRESS.com

21 мај 2020 - 14:56