Таг: маратонско пливање

Во Амстердам секоја година има пливачки маратон во градските канали

Љубителите на маратонско трчање и другите слични спортови се помирија со фактот дека годинава натпреварувањата се одложија или се поместија. Но уште надеж имаат оние чии маратони се закажани за септември и првата половина на октомври.

И носи светски титули на Македонија, а нема здравствено, пензиско и стаж

За време на кошаркарската еуфорија со Светското и фудбалската со квалификациите, одиме малку со пливање со еден наш многу добро познат лик за кој има една убава и една лоша вест. Убавата: Три пати е светски првак. Лошата: Никој не го ферма во државава.

Херојот Марко: Не очекував дека ќе биде толку лесно

Охридското езеро било немирно, дувал силен северен ветер и имало бранови, а јунакот од Охрид дава изјава како овој подвиг да му е за добро утро. Браво е преблаг збор за детево.

12-годишниот Марко го преплива Охридско езеро

Марко Пејчиноски утрово во 10:30 часот влегол во Охридското езеро и за помалку од осум часа при не баш идеални услови поради силен северен ветер, направи херојски подвиг. Ја исплива делницата од Свети Наум до охридското пристаниште. Стотици сограѓани го пречекаа со долготраен аплауз јунакот кој има само 12 години.

Етиопиецот што освои сребро на маратон може да заврши во затвор

Кога Фејиса Лилеса ја мина целта од машкиот маратон во Рио, ги крена рацете над главата и направи знак Х. Никој од тие кои го гледаа спектакулраниот финиш на Лилеса кој освои сребрен медал не знаеше колку опасен протест гледаат.

Осмели се Делфина

Еден дечко од Лондон толку го зафатила олимписката еуфорија што дошол на идеја да го преплива Атлантскиот океан. Тргнал од Франција и најавил да го чекаат во Њујорк.